Гевгеличанецот Узунчев ќе игра за пионерската ракометна репрезентација на Македонија
Младиот ракометар Тодор Узунчев, член на РК „Партизан 2016“ од Гевгелија ја помина успешно селекцијата на пионерските ракометни селектори на Македонија и во избор од 46 кандидати родени 2004/2005 година стана член на Македонската пионерска ракометната репрезентација.
Изборот да заигра во дресот на нашата држава и да ја претставува на првиот меѓународен турнир годинава што ќе се одржи во Романија, ја донесоа македонските ракометни пионерски селектори Раде Стојановиќ и Кирил Атанасовски.
- „Ова е голем успех за нашиот Тодор! Му посакуваме многу среќа, понатамошни успеси и многу натпревари во дресот на репрезентацијата на Македонија!“ изјавуваат од РК „Партизан 2016“, посебно гордите тренери на Тодор и на гевгелискиот клуб „Партизан“, Мите Јанев и Зоки Кајтазов.
Узунчев влезе во изборот на првата пионерска постава која брои 17 избраници на Стојковиќ и Атанасовски. Меѓу нив доминираат ракометари од скопските тимови „Вардар“, „Металург“, Бутел, Аеродром. На собирот за селекција кој се одржа 14 декември минатата година во Скопје, во конкуренција беа и тројца ракометари од РК „Младост“од Богданци, но селекцијата ја помина само Стојанче Наумовски.
Првиот собир на избраниците на Стојковиќ и Атанасовски е закажан за 13 февруари со почеток во 14:00 часот, а ќе се одржи во спортската сала во Автокоманда.
Повикани ракометари:
1. ДАВИД БРЕСТОВАЦ - РК МЕТАЛУРГ
2. НАУМ СИМЈАНОВСКИ - РК БУТЕЛ
3. ИВАН ГАЛЕВСКИ - РШ КЛ7
4. НИКОЛА РИСТЕСКИ - ГРК ОХРИД
5. МАРИО СТОЈАНОВСКИ - РК ВАРДАР
6. ТОДОР УЗУНЧЕВ - РК ПАРТИЗАН - ГЕВГЕЛИЈА
7. СТОЈАНЧЕ НАУМОВСКИ - РК МЛАДОСТ – БОГДАНЦИ
8. ЕНЕЗ ИДРИЗИ - РК АЕРОДРОМ
9. СЛАВЧО ШУЛЕВСКИ - РШ КЛ-7
10. АНДРЕЈ СТОЈАНОВСКИ - РК МЕТАЛУРГ
11. АНДРЕЈ ПЕТРУШЕВСКИ - РК ВАРДАР
12. ХРИСТИЈАН ПЕТКОВСКИ - РК ВАРДАР
13. НЕНАД БЕЛИСТОЈАНОСКИ - РК АЛУШОВСКИ
14. АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВСКИ - РК МЕТАЛУРГ
15. ГЕОРГИЈ СПАСОВСКИ - РК ВАРДАР
16. АЛЕКСАНДАР СТОЈМЕНОВ - РК ВАРДАР
17. МИХАЕЛ ТОТИЌ - РК МЕТАЛУРГ
Ова е прва акција за оваа генерација што ќе одигра два меча против домашната селекција на Романија.
Со среќа Тодоре! Со среќа ракометни пионери на Македонија!
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Комисијата за заразни болести со предлoг полициски час од 22 до 5 часот наутро
По предлог на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство Венко
Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во
Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица
Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500
Почина градежен работник во Гевгелија
Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот
Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица
Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани
Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден
Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната
ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час
Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од
Почина Веселинка Поп Гонова
Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три