Топ Новости >

Меѓународна акција за искачување на Ниџе

  • Четврток, Јун 29 2017

{flike}


Македонско-грчка соработка на планинарите од Гевгелиски ПД „Кожуф“ и ПД „Картуш“ Прилеп во еднодневна акција за искачување на трите врва на планината Ниџе од грчка страна.
Ниџе е инаку петта по височина од планините во Република Македонија.

Петчасовното искачување на врвовите Хард Стоне, Кучубеи и Кајмакчалан започна во неделата рано наутро со група од 25 планинари, од кои 19 од П.Д. „Кожуф“ Гевгелија, двајца од Пехчево и 4 од "Југ“ Валандово. Групата планинари тргнаа од Гевгелија за Грција поточно кон Ски Центарот Кајмакчалан (Ворас) каде македонските планинари беа пречекани од грчкиот планинар Гиорго Копаилас со кого гевгелиските планинари веќе неколку месеци остваруваат одлична соработка со спроведени неколку заеднички акции во Грција и Македонија.
Овде на стартната позиција на оваа акција под самиот ски центар или поточно местото како што го викаат грците Турко Ливадо (Турска Ливада) се приклучија и планинари од Кавадарци и Пробиштип и заедно колоната планинари се упатија по патеката кон реализација на зацртената програма.

-„Патеката водеше по прекерасен терен каде на неколку места поминавме и мали реки за да дојдеме до првиот врв Хард Стоне (Тврд Камен) 2.150 м.н.в. каде по мала пауза продолживме кон вториот врв Кучубеи 2.448 м.н.в. а од овој врв се упативме кон највисокиот врв на планината Ниџе врвот Кајмакчалан 2.521 м.“, вели водичот на акцијата за искачување на Ниџе, гевгелискиот планинар Ристо Каркалашев.
На самиот врв се наоѓа црквата Св.Илија која била изградена во спомен на 4600 загинати војници од српската војска за време на Првата Светска војна и тоа за период од 12 до 30 септември 1916 год. Во спомен на тој настан за големиот број на загинати на самиот врв од црквата се наога посвета напишана од кралот Александар 1 Караѓорѓевиќ. Внатре во црквата се наоѓа посебна урна во која до пред некое време се наоѓало срцето на швајцарскиот форензичар, публицист и професор Арчибалд Рајс.



 

Освен висините, историските податоци и планинарските приказни, оваа акција уште еднаш ги упати љубителите на природата и висините за значењето, местоположбата и важноста на планината Ниџе.

Планината Ниџе се наоѓа во крајниот јужен дел на Република Македонија. На македонска територија зафаќа вкупна површина од 689,4 км2, од кои 357,4 км над 1000 метри надморска височина, 82,2 км2 над 1500 метри и само 10,8 км2 површина над 2000 метри надморска височина. Преку нејзиниот срт води државната граница помеѓу Македонија и Грција. Се протега во правец североисток-југозапад со највисок врв Кајмакчалан (2521 м.н.в.), но доста се истакнува и истоимениот врв Ниџе висок 2361 метри. Нејзината должина изнесува повеќе од 20 километри во права линија. На запад, Ниџе се граничи со големата Пелагониска котлина. Северозападната граница и воопшто на север од Селечка Планина е одвоена со Скочивирската клисура на Црна река после нејзиниот голем свиок јужно од Селечка Планина до сливот на реката Сатока. Од вливот границата завртува десно на повеќе од 90 степени и се упатува во југоисточна насока до сливот во Градешка Река. Спротиводно од неа достигнува до изворите, одделувајќи го Ниџе од планината Козјак на североисток со која што морфолошки се надоврзува. На југ од Ниџе во егејскиот дел на Македонија се простира Островската (Еордејска) Котлина.

Според правецот на протегање, Ниџе претставува ретка и единствена планина во Македонија која што скршнувајќи по речиси прав агол од 90° ја променува насоката на протегање, наликувајќи скоро на бумеранг. Од историјата, планината Ниџе е позната по тоа што на нејзиниот срт на кој денес е расположена на македонско-грчката граница за време на Првата светска војна бил познатиот Македонски или т.н. Солунски фронт.
Ниџе е петта по височина од планините во Република Македонија.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Гевгелија одбележан Националниот ден на власите

Членовите на Здружението на власите од општина Гевгелија „Мегленија“, денеска го одбележаа 23 Мај Националниот ден на власите

Повеќе

Груевски осуден на две години затвор за случајот Тенк

Шест години и шест месеци казна затвор за Ѓоко Поповски и две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски

Повеќе

По 15 години конечно ТВ Дуел на партиски лидери

Утре на МТВ во 20 часот ТВ Дуел помеѓу премиерот и лидер на СДСМ - Зоран Заев, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Повеќе

Случајот Триста на СЈО заврши со обвинение од 9 години затвор

Кривичниот суд во Скопје денеска ја читаше пресудата по предметот „Триста“ поднесен од СЈО и истиот заврши со обвинение од 9 години ефективна казна за Ѓоко Поповски поранешен помошник министер во МВР

Повеќе

Јован и Ана - второ место на Државен натпревар по физика

Во конкуренција на 99 ученика од исто толку училишта во државата, гевгелиските ученици Јован Петров и Ана Папалазова освоија втора награда

Повеќе

Ослободителна пресуда за случајот Поткуп

Зоран Заев е невин за „поткуп“ потврди денеска Кривичниот суд со читање на ослободителната пресуда

Повеќе

Гевгелискиот алпинист д-р Ѓорги Петков почина на пат кон Еверест

Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал денеска ја објави жалната вест за смртта на македонскиот алпинист Георги Петков кој од 23 март тргна на мисија за освојување на највисокиот врв на светот Монт

Повеќе

Владата го одби барањето за нови концесии за минерални испитувања на Кожуф

На 66-та седница на Владата, одржана на 2 мај годинава одбиено е доделувањето на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - металични минерални суровини на локалитетот

Повеќе

Меј: Вашата земја е интегрален дел од Европа

Заедничка прес конференција на британската премиерка Меј и македонскиот премиер Заев

Повеќе

Најавен можен финиш на спорот за името

Заев и Ципрас издвоиле една опција како можно решение на спорот за името

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.