Топ Новости >

Одбележан четвртиот патронат на Томе Шутов - Кротки

  • Понеделник, Ное 20 2017

 


{flike}


 Планинарското Друштво Кожуф од Гевгелија изминатиот викенд го организираше четвртиот по ред Патронат на Планинарскиот Дом „Томе Шутов - Кротки“. Планинарскиот дом се наоѓа во село Конско на одалеченост од Гевгелија од само 20км. Домот е стара 50 годишна школска зграда, која беше на распаѓање, но планинарите на ПД Кожуф ја санираа и реновираа и моментално се користи како планинарски дом, за сите планинари кој имаат желба да ја посетат прекрасната Кожуф планина и истиот им е на располагање.

Планинарскиот Дом го носи името на долгогодишниот член на гевгелиското планинарско друштво Томе Шутов - Кротки кој ненадејно го загуби животот во сообраќајна несреќа, па во негова чест се организира и овој Патронат на Планинарскиот дом.

На овогодинешниот четврти патронат учествуваа околу 100 учесници планинари и љубители на природата како од Гевгелија така и од неколку планинарски друштва од Македонија, меѓу кои: „Макперол“ Скопје, „Чеплес“ Велес, „Енузијаст“ Срумица, „Козјак“ Прилеп, „Југ“ Валандово, „Картуш“ Прилеп и група рекреативци од Штип. На патронатот учество зеде и Планинарскиот клуб „Балкан“ од Белград со кое ПД Кожуф има плодна соработка и со кое е договорена соработка и за во 2018 година во високогорски акции.

Планинарите се движеа по патека од Планинарскиот Дом преку „Манчева пресека“ и Сиглица се' до најпознатиот врв на Кожуф „Двете Уши“ 1.766 м.н.в. која е во должина од 17 километри во двата правца.

По успешното искачување на врвот беа доделени благодарници на сите планинарски друштва учесници како и благодарници за најмлад и најстар учесник.

Најмлад учесник на овој патронат беше 6 годишниот Матео Горгиев од Велес кој успешно го искачи врвот Двете Уши заедно со своите родители, а најстар учесник беше Влада Стевановиќ од Белград кој на 84 години успешно ја помина цела маршута и го искачи врвот Двете Уши.



 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заев: Про-руски бизнисмени плаќале за насилни протести

Премиерот Заев во интервју за „BuzzFeed News“ изјави дека про-руските бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи кон НАТО со финансирање на насилни протести

Повеќе

Неподготвеноста на фирма подизведувач ја остави Гевгелија без вода

Фирмата „АДРА“ од Куманово дошла без алат на терен, а потребната опрема ја обезбеди Пожарната од Гевгелија, па работите на терен наместо два часа, траеја 12 часа

Повеќе

Гевгелија остана без вода

Цистерни за мобилна достава на вода ќе бидат лоцирани на 5 локации низ градот

Повеќе

Потсетување: Прекин на водоснабдувањето во цела Гевгелија

Во недела наутро од 3 до 8:30 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода во Гевгелија, Мрзенци, Негорски бањи и индустриската зона Блокотехна. Наполнете вечерва некое шише вода за резерва

Повеќе

Обезбедени 3 милиони евра за регионални патишта во Гевгелија

Патните правци Прдејци-Смоквица, Миравци-Давидово, Гевгелија-Негорци ќе се санираат ова лето

Повеќе

Поцков: Намалување на цената за прочистување на отпадните води

Намалувањето треба да биде одобрено од Советот на општината и ќе важи од 1 август до крајот на 2018 година

Повеќе

Мицотакис: Скопје го доби НАТО пасошот

Лидерот на најголемата грчка опозициона партија се жали дека Ципрас и Каменос му го предадоа на Скопје НАТО-пасошот, откако го отстапија македонскиот идентитет и македонскиот јазик

Повеќе

Граѓанска прослава „Македонија во НАТО и ЕУ“

Владата на Република Македонија во сабота на 14 јули во 15 градови организира прослава „Македонија во НАТО и ЕУ“. И Гевгелија е дел од прославата

Повеќе

НАТО ја покани Македонија да почне преговори!

ВИДЕО: Гевералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг - прес конференцијата денес во Брисел

Повеќе

Приклучувањето на новиот цевковод одложено за недела

Закажан петипол часовен застој во водоснабдувањето за недела 15 јули за Гевгелија, Мрзенци, Блокотехна и Негорски Бањи

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.