Топ Новости >

Девет милиони денари за развој на спортот за 2018 година

  • Петок, Мар 02 2018

{flike}


Советот на општина Гевгелија ја одобри програмата за развој на спортските активности и манифестации во тековната 2018 година со издвојување на 9.000.000,- денари буџетски средства за популаризација на спoртот во Општината.

Оваа одлука беше донесена на последно одржаната 8-ма седница на Советот на општина Гевгелија која се одржа на последниот ден од февруари, во средата, неделава, а со неа раководеше Претседателот на Советот Ташко Дојчинов.

Во програмата се опфатени 30 спортски програми и манифестации, што е за 10 повеќе од минатата 2017 година. Од нив одобрени се програмите за организирање на спортски настани на 27 спортски организатори, клубови, друштва за спортски дејности.
Најголемиот дел од средствата се распоредени на носечките спортски клубови во фудбалскиот, кошаркарскиот и ракометниот спорт во општината.
Овде секако спаѓаат Кошаркарскиот клуб „Кожуф“ со одобрени 3,5 милиони денари од буџетскиот колач од Програмата за спорт за 2018 година. Понатаму следуваат Фудбалскиот клуб „Кожуф“ со одобрени 2,5 милиони денари за организирање и учество на своите спортски натпревари. Следуваат Ракометните клубови “Партизан“ и ЖРК „Гевгелија“ со финансиска буџетска поддршка од по 700.000,- денари за секој клуб поединечно.

Овој клубски пакет опфаќа средства од 7,4 милиони денари. Остатокот од 1,6 милиони денари се распределени на другите спортски клубови од другите сфери на спортувања и помали екипи за едукација на младите и организација на натпревари (1.030.000,- денари) и за „Други спортски активности и манифестации“ (570.000,- денари) што ги доделува Општина Гевгелија од својот локален буџет.

Тука пред се' ќе го нагласиме Планинарското друштво „Кожуф“ кој со своите повеќегодишни активности се истакнува како на државно, така и на регионално и меѓународно ниво поради што, за тековната 2018 година доби финансиска поддршка од 150.000,- денари. За истакнување е и претстојниот потфат на нашиот познат алпинист д-р Ѓорги Петков и неговата високопланинарска алпинистичка експедиција за искачување на Монт Еверест, врв каде ПД „Кожуф“ го нема ставено своето знаменце досега, ниту било кој друг гевгелиски планинар, со финансика буџетска поддршка од општина Гевгелија во вредност од 60.000 денари.

Остатокот од средствата се распределени на организатори на младински фудбалски школи, учество на државни првенства во атлетика, тениски клуб, кик бокс, училишни спортски клубови, и секако 30-тиот меморијален фудбалски турнир „ТИХО“ од Миравци.

Освен со финансиски средства, Советот на општината и градоначалникот Сашо Поцков ќе ги поддржуваат спортските манифестации со покровителство на спортските настани, како и доделување на награди, признанија и пригодни подароци на учесниците во годинашните спортски активности поддржани од Општина Гевгелија.

За реализација на годишната програма за поддршка на спортот и спортските активности во општината во текот на 2018 година задолжен е градоначалникот на општина Гевгелија, на чиј предлог е направена конечната распределба на буџетските средства наменети за развој на спортот, а програмската распределба со одлука ја усвои Советот на општина Гевгелија.

 


Сеќавање за д-р Петков од англискиот алпинист Адам Бут

Адам Бут (Adam Booth), британски алпинист со сеќавање за своите средби и познанство од другарувањето на Монт Еверест со нашиот гевгеличанец, д-р Георги Петков

Повеќе

Ѓер ја одбрани титулата во Лига на шампиони

Во драматично финале Ѓер успеја да ја зачува титулата со резултат 27-26

Повеќе

Штипјанецот Емил Павлов - повторно европски првак во карате

Македонскиот каратист Емил Павлов по втор пат во својата кариера стана европски првак во категоријата до 60 килограми

Повеќе

Вардарки влегуваат во финалето на Лига на шампиони

Утре во 18 часот ракометарките на Вардар играат со ланскиот победник Ѓер

Повеќе

Вардар оди во Фајнал 4 на ЛШ

Вториот пласман на Ф4 во ЛШ на Вардар

Повеќе

На 1 мај на 1000 метри до врвот Монт Еверест

Гевгелискиот алпинист д-р Петков на Денот на трудот ќе искачува 7.800 метри од Монт Еверест

Повеќе

Атлетико Мадрид и со играч помалку непоразен во Лондон

Нерешено со Арсенал во првиот полуфинален натпревар од Лига на Европа

Повеќе

Реал со победа над Баерн

150та победа на Реал Мадрид во Лига на шампиони

Повеќе

82 годишен планинар на 25 меморијал до Ума

Рекорден број на учесници и рекордна старосна возраст на годинешниот 25-ти по ред меморијален марш „Перо Илиевски“ до селото Ума, на Кожуф планина

Повеќе

Вардар прави чуда на терен: Го победи домаќинот Кил

Златен гол на Македа за победа на Вардар што го носи на чекор од Ф4 турнирот во Келн 

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Гевгелија одбележан Националниот ден на власите

Членовите на Здружението на власите од општина Гевгелија „Мегленија“, денеска го одбележаа 23 Мај Националниот ден на власите

Повеќе

Груевски осуден на две години затвор за случајот Тенк

Шест години и шест месеци казна затвор за Ѓоко Поповски и две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски

Повеќе

По 15 години конечно ТВ Дуел на партиски лидери

Утре на МТВ во 20 часот ТВ Дуел помеѓу премиерот и лидер на СДСМ - Зоран Заев, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Повеќе

Случајот Триста на СЈО заврши со обвинение од 9 години затвор

Кривичниот суд во Скопје денеска ја читаше пресудата по предметот „Триста“ поднесен од СЈО и истиот заврши со обвинение од 9 години ефективна казна за Ѓоко Поповски поранешен помошник министер во МВР

Повеќе

Јован и Ана - второ место на Државен натпревар по физика

Во конкуренција на 99 ученика од исто толку училишта во државата, гевгелиските ученици Јован Петров и Ана Папалазова освоија втора награда

Повеќе

Ослободителна пресуда за случајот Поткуп

Зоран Заев е невин за „поткуп“ потврди денеска Кривичниот суд со читање на ослободителната пресуда

Повеќе

Гевгелискиот алпинист д-р Ѓорги Петков почина на пат кон Еверест

Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал денеска ја објави жалната вест за смртта на македонскиот алпинист Георги Петков кој од 23 март тргна на мисија за освојување на највисокиот врв на светот Монт

Повеќе

Владата го одби барањето за нови концесии за минерални испитувања на Кожуф

На 66-та седница на Владата, одржана на 2 мај годинава одбиено е доделувањето на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - металични минерални суровини на локалитетот

Повеќе

Меј: Вашата земја е интегрален дел од Европа

Заедничка прес конференција на британската премиерка Меј и македонскиот премиер Заев

Повеќе

Најавен можен финиш на спорот за името

Заев и Ципрас издвоиле една опција како можно решение на спорот за името

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.