Топ Новости

Дводневно Крапско дружење на Паљурци

  • Петок, Јун 08 2018

 

Концесионерот за спортски риболов на браната Палурци, Здружението на спортски риболовци „Костреш“ од Богданци, викендов организира „Крапско дружење“ второ по ред, од минатата година кое има меѓународен карактер. Утре и задутре на акумулацијата „Паљурци“ ќе се одржи интернационално крапско дружење на кое ќе учествуваат повеќе од дваесет екипи од Србија, Бугарија и Македонија.

Организаторите соопштија дека натпреварувањето ќе трае 52 часа и оти ќе се спроведе според правилата за натпревари на Македонската риболовна федерација.

Секоја екипа ќе биде составена од по двајца натпреварувачи, плус еден резервен натпреварувач и капитен и сите тие мора да бидат регистрирани риболовци и да поседуваат спортски легитимации за 2018 година.

Дозволен ќе биде улов само на крап, а ќе се бодуваат уловените примероци од крап над еден килограм.
Во текот на месец април концесионерот ЗСР „Костреш“ изврши порибување на браната „Паљурци“ со 450 килограми крап. Од нив 150 килограми беа со тежина од 50 до 800 грамови и 300 килограми со тежина од два до пет килограми.

Крапџиите од Македонија беа најупешни на првото дружење кое исто така се одржа во Богданци, а најуспешните од второто крапско дружење ќе бидат познати во недела на пладне.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заев: Европа е во Гевгелија, затоа треба да одговориме со ЗА на европските

Трибина „ЗА европска Македонија“ со коалицијата „Излези ЗА“ одржана вечерва во

Повеќе

„ЗА европска Македонија“ во Богданци

Премиерот Заев во Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на

Повеќе

Велосипедско дефиле

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден 

Повеќе

22 септември - Меѓународен ден без автомобили

Со велосипедско дефиле Гевгелија денеска ќе го одбележи 22 Септември -

Повеќе

Сабота 8 часови без струја Гевгелија и Богданци

Нов осумчасовен прекин во снабдувањето со електрична енергија поради неопходни

Повеќе

Средба на Премиерот Заев со Потпретседателот на САД, Мајк Пенс

Македонскиот Премиер Зран Заев денеска оствари средба со Потпретседателот на

Повеќе

Соопштение од Општинска изборна комисија Гевгелија

Промена на гласачките места во Гевгелија, Миравци, Негорци и Габрово

Повеќе

ЕВН најавува 8 часовен прекин на струја во Гевгелија

Утре петок 21 септември во терминот од 7:30 до 15:30 часот дистрибутерот на

Повеќе

Мицкоски: Ако референдумот биде успешен и мнозинството е „за“, ќе го почитуваме

Став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на референдумското изјаснување на

Повеќе

Низ ГП „Богородица“ летово поминале 1,5 милион туристи

Половина милион македонски туристи претставуваат 1/3 од вкупниот летен патнички

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.