Топ Новости

Фудбалската иднина на Миравци во посета на Градоначалникот

  • Петок, Јул 20 2018

 

Делегацја составена од 32 дечиња фудбалери, членови на Фудбалскиот клуб „Миравци“ предводени од својот тренер, Бојана Иванова остварија средба со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

Поводот за средбата беше презентација на 60 члената млада фудбалска иднина на Миравци која клубски постои од 2016 година, за нивниот ентузијазам за спортување и потребата од подобрување на инфраструктурата на постојниот стадион во Миравци.

- „Во моментот во клубот активно споруваат 20 девојчиња и 40 машки дечиња. Девојчињата се на возраст од 11 до 14 години (родени 2004 до 2007 година), а машките кои тренираат се од помлада возраст, од 6 до 10 години (родени 2008 до 2012 година). Како клуб за млади постојат од 2016 година и играат во детска лига. Играат турнири и пријателски натпревари секоја недела, во „нашиот регион“ , изјави гордата тренерка Бојана Иванова.

До 1 септември клубот нема активности, на одмор се, па ова е погоден период да се вложат напори за санација на игралиштето кое сега е запуштено, а е во надлежност на Агенцијата за млади и спорт.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков им вети на младите фудбалски ентузијасти дека ќе им излезе во пресрет на нивните барања и ќе се ангажира со општински средства да обезбеди одржување на игралиштето во Миравци, за непречено спортување на младите фудбалски надежи во Миравци.

Задоволството од средбата и договореното го крунисаа со заедничка фотографија. Следната се надеваме ќе биде со некој освоен трофеј од овие вредни спортски надежи на Миравци.

- „Ова се млади деца. Ова се иднината на фудбалот и спортот во општината“ - ни' изјави тренерот Иванова Бојана и самата активен фудбалски работник, член на У-15 од стручниот штаб на женската репрезентација на Македонија.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

60 години образовна дејност - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Подготвена свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“

Повеќе

Владата исплати 60,7 милиони денари финансиска помош на општина Гевгелија

Поцков: Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.