По петти пат Патронат „Томе Шутов Кротки“

Вторник, 20 Ноември 2018

Планинарски средби во Домот кај Конско и искачување на врвот Двете уши на Кожуф планина е дел од одбележувањата на патронот на планинарскиот дом „Томе Шутов Кротки“

 

 

Планинарски средби во Домот кај Конско и искачување на врвот Двете уши на Кожуф планина е дел од одбележувањата на патронот на планинарскиот дом „Томе Шутов Кротки“ во организација на Здружението планинарски спортски клуб „Кожуф“ од Гевгелија.

Планинари од цела Македонија викендов се собраа во кругот на Планинарскиот дом „Томе Шутов - Кротки“ кој се наоѓа на падините на Кожуф планина, во село Конско, на 640 метри надморска височина, со цел да го одбележат петтиот по ред патронат на домот.

Заслугите за ваков третман кон долгогодишниот планинарски активист на кого е посветено името на домот е секако заветот на традицијата, да не се заборави планината, природата, убавините на Кожуф, поради што и одбележувањето имаше свој планинарски третман.

Околу 180 учесници од повеќе градови од Македонија, членови на планинарски друштва, во организација на домаќинот ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија се упатија кон познатиот врв „Двете уши“ на Кожуф планина, што се наоѓа на висина од 1.766 метри. Трасата на искачување започна од домот, што е висинска разлика од 1.126 метри. Поради снежното време, ниските температури и минусните 5 степени Целзиусови регистрирани на врвот, до Двете уши стасаа само најупорни 30-на планинари. Со кабаници за дожд и снег, но и со чадори за да се пресретнат снегулките, со чизми и топла облека можеби наводенети, ама и насреќни од успешниот ден беа токму тие кои стапнаа на врвот Двете уши и ја заокружија целата програма на патронското оддбележување.




Традицијата и топлите ноемвриски температури намамија многумина на одбележувањето на петиот патронат на планинарскиот дом „Томе Шутов Кротки“. Неделата снегот ги изненади, ама на зборното собирно место во дворот на планинарскиот дом се појавија осум планинарски друштва од државата:
- ПАОК „Ентузијаст“ од Струмица
- Авантуристичка Планинарска Група „ПОВИК ОД ДИВИНАТА“ Струмица
- ЕПД „Картуш“ Прилеп
- ПСК „Чеплес“ Велес
- Планинари „Кадиица“ Пехчево
- Планинари „Рекреативци“ Штип
- ПСК „Орле“ Кавадарци
- ПСК „Сосна“ Берово.

По востановената соработка со училиштата од Гевгелија и соседните општини и на овој планинарски настан се придружија учениците од општинските основни училишта „Крсте Мисирков“ и СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, ООУ „Кирил и Методиј“ од Стојаково, ООУ „Петар Мусев“ од Богданци и СОУ „Богданци“ од Богданци.

Заедничката трпеза зас сите учесници ја овозможија локални фирми кои со свои продукти го поддржаа настанот и неговата традиција на одржување. Топло гравче на отворено, со дождец над глава и многу насмеани лица на кои чистиот воздух и планинскиот амбиент им го прави викенд задоволството на гевгелиски Кожуф трајно и незаборавно.


Планинарскиот дом остана закрила на 150 планинари кои не ги издржаа условите за искачување до врвот Двете уши. Домот е стара зграда која пред 50 и повеќе години била наменета за школо, а пред неколку години гевгелиските планинари истата ја реновираа, бидејќи веќе беше во фаза на распаѓање. Моментално се користи како планинарски дом, за сите намерници кои имаат желба да ја посетат прекраната Кожуф планина истиот им е на располагање.

Планинарскиот Дом го носи името на долгогодишниот член на гевгелиското планинарско друштво Томе Шутов - Кротки кој ненадејно го загуби животот во сообраќајна несреќа, па во негова чест се организира и овој Патронат. Нека му е вечна слава и уште долги години да биде инспирација за собирање, дружење и искачување, како на посветените, така и на новите генерации планинари.

Во ноемврискиот билтен на акции гевгелиските планинари ги реализираа искачувањата на планината Пајак и врвот ΚΑΝΤΑΣΤΙ 1.649 м.н.в., потоа искачувањето на врв Солунска Глава, по падините на Плавуш Валандово, а планираат и декемвриска завршница на своите овогодишни активности.

Last modified on Вторник, 20 Ноември 2018 - 02:10

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почнува втората фаза од системот за наводнување Јужна долина на Вардар

Почнуваат градежните работи за изградба на системот за наводнување на јужната

Повеќе

Владата ќе добие пет нови министри

Денес од Валандово Премиерот Заев најави дека уште денес до Собранието ќе ги

Повеќе

Нов асфалт и проширување на регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска го најави почетокот на

Повеќе

Валандовски средношколци Елена и Борис во финале на Genius Olympiad во Њујорк

Елена Гребенакова и Борис Китановиќ, ученици во втора година гимназија при СОУ

Повеќе

Одбележување на Светскиот ден на бегалците во Гевгелија

Со штанд на УНХЦР на градскиот плоштад во Гевгелија од 08 до 20 часот денеска

Повеќе

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули, (значи за 10 дена) почнете да собирате фискални сметки од секое

Повеќе

„Ден на проширување“ тема на Европскиот комитет за региони

Денеска и утре во Брисел се одржува дводневниот 16-ти по ред Заеднички

Повеќе

Сезонска работа во Грција - примамливи плати за работа на море

Летен одмор и заработка е добра комбинација, ако е тоа работа на некои од

Повеќе

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.