Топ Новости

Новиот планинарски спортски клуб „Двете уши“ од Гевгелија со прва акција на својот врв имењак

  • Понеделник, Ное 26 2018

 

 

Првата акција на новоформираниот гевгелиско планинарски спортски клуб „Двете уши“ од Гевгелија на истоимениот врв на Кожуф планина денес ја реализираа осуммина членови на клубот и двајца гостински планинари, соработници. Со искачување на врвот Двете уши, лоциран на 1.766 метри надморска височина, учесницита на ваков акцијашки начин го „крунисаа“ формирањето на планинарскиот спортски клуб по патеките на својот планински врв имењак.

Акцијашкиот тим на планинарското „крштевање“ на клубот ќе беше поброен, но поголемиот дел од членовите денеска одбраа да присуствуваат на шестмесечниот помен посветен на д-р Ѓеорги Петков, планинар, алпинист и несреќно загинат оваа пролет при искачување на највисокиот врв на светот Монт Еверест.

Но, такви се планините и висините. Секогаш свои, неизвесни, со брзи промени на температурите и условите за престој на планина. Така и денеска гевгелиските планинари на ПСК „Двете уши“ ги дочека глетка од магла под која спие нивниот град Гевгелија и цела гевгелиска котлина.

ГевгелијаНЕТ: Секој новитет би требало да носи растеж, разноликост, конкуренција и напредок. Кои мотиви Вас членовите на ПСК „Двете уши“ Ве насочија да се организирате во нов Планинарски спортски клуб во Гевгелија?

ПСК „Двете уши“: Новиот ПСК „Двете Уши“ Гевгелија го формираа членови на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија. Ние многу се боревме за „Кожуф“ и ги употребивме сите легитимни начини за да најдеме разбирање во клубот. Ние не го изгубивме ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија, тој не изгуби сите нас заради раководството кое остана глуво на сите наши прашања и молби да ги решиме проблемите. Никој не доаѓаше на состанок, за волја на вистината само претседателот редовно доаѓаше и редовно со своето партиско обележје.

Ние поканивме 30 љубители на планинарските спортови, и сите дојдоа. Од нив 29 учествуваа во основачкото Собрание, а само еден беше гостин. Иницијативниот одбор го сочинуваа 20 планинари, но како основачи се запишаа 7-мина.

Наши цели и задачи се развивање и унапредување на планинарските спортови и физичката култура на нашите членови и сограѓани, омасовување на планинарството и обучување на членовите со планинарски знаења и вештини, поттикнување и развој на младите генерации со цел формирање здрави, силни и морални членови на оваа заедница, чување и заштита на природата и нејзините убавини и богатства, запознавање и зближување со други љубители на планинарските спортови, како и развивање на човековата солидарност и пријателство и создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени за целата заедница.


Оснивачкото Собрание на ПСК се одржа во петокот на 23 ноември. Со искуството на децениски присутните членови на „Кожуф“ тие успеаја да формираат и солидна организациона структура на Клубот која изгледа вака:

- Собрание чиј претседател е Јован Митров (Ване дос);

- Претседател е Пепи Аврамов;

- Извршен одбор: Пепи Аврамов, Ристо Картов, Гиздовски Ванчо, Чалкова Сузана и Костадинова Мими;

- Надзорен одбор: Марија Миткова, Тана Гавриловска и Владо Калков;

- Суд на честа: проф. Велин Стоименов, Руменка Чалкова и Владо Ангеловски, со заменици Атанас Атанасовски (Таси Лунгу) и Марина Улишева.

Откако беа оформени органите на Клубот, следуваа предлози и прифатени програмски постулати на кои ќе се ангажира Планинарскиот спортски клуб "ДВЕТЕ УШИ" Гевгелија во 2019 година, со акцент на следниве активности:

1. Донесување на финансиски план за 2019 година;
2. Обезбедување на просторија за непречено одвивање на активностите;
3. Медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението;
4. Други прашања кои не се предвидени со програмата, а во текот на годината ќе се појават како важни за решавање;
6. Соработка со слични клубови од земјава и од странство;
7. Учество на планинарски акции во Република Македонија и надвор од неа и верификација на планинарска акција во ФПСМ. 

ГевгелијаНЕТ: Споменато е дека во вашата организациона рамка ќе има и Суд на честа. За што ќе служи ова тело? Има ли кодекс на однесување во планина, освен чувањето на животната средина, незагадувањето, следењето на организационата маршрута за безбедност... Каква чест бара планината, или меѓу планинарите?

ПСК „Двете уши“: Судот на честа е надлежен и одлучува за неизвршување или неправилно извршување на определените задачи од страна на член на Клубот.
Судот на честа работи според Правилник што го донесува Извршниот одбор.
Судот на честа се состои од три члена и два заменика кои ги избира Собранието.

ГевгелијаНЕТ: Еден ден после Вашето основање Општина Гевгелија објави јавен оглас за финансирање на програми од областа на културата и спортот. Знаејќи дека годинашната сума на средства од локалниот буџет одвоена за спортски клубови и манифестации изнесува не цели 12 милиони денари, се подготвувате ли за конкурирање рамо до рамо со етаблираните спортски организатори од општината?

ПСК „Двете уши“: Апсолутно. Во план ни е да ја известиме нашата Општина и да ја запознаеме со нашите цели и задачи и да ја побараме нејзината подршка. Ние сме спремни, сериозни и одлучни да ги подигнеме планинарските спортови во Гевгелија на повисоко ниво.

ГевгелијаНЕТ: Зима е. Привршуваат посетите на планина поради претстојните се' поладни, поврнежливи и посурови услови. Што ќе им понудите програмски на Вашите членови и на новите кои секако ги очекувате во делот на активности од планинарските спортови, средби, национални меморијали и маршеви?

ПСК „Двете уши“: Ние сме спремни и за во зимски услови. До крај на годината ни претстои планинарска акција на Беласица, како и одбележување на меѓународниот ден на планината со акција на ФПСМ. Во новата година предвидени се акции од меѓународен и републички карактер, маршеви по покана од други ПСК, како и наши акции на нашата Кожуф планина.

ГевгелијаНЕТ: За крајот од разговорот, многу среќа со висините, планините и новите програмски зафати кои секако со успех посакувате да ги остварите во претстојната 2019 година.

ПСК „Двете уши“: Ви благодариме на укажаното внимание и се надеваме дека ќе соработуваме во иднина и дека ова е почеток на долга и плодна соработка.

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ГевгелијаНЕТ изразува благодарност до соговорниците во првото претставувачко интервју наменето за ПСК „ДВЕТЕ УШИ“ - Претседателот на ПСК Двете Уши Гевгелија Пепи Аврамов и Секретарот Марија Атанасова


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.