ГАЛЕРИЈА И ВИДЕО: Хуманитарен маратон за болните од ПХ

  • Недела, Дек 23 2018

 

 

Денешниот хуманитарен маратон наменет за поддршка на болните од Пулмонална Хипертензија и пулмонална фибриоза заврши попладнево со успешен финиш на сите 30-на учесника тркачи и велосипедисти на плоштадот во Гевгелија.

Трасата долга 55 километри од Струмица до Гевгелија маратонците ја истрчаа за шест до седум часа. Иако маратонот немаше натпреварувачки карактер редно е да се одбележи дека првиот маратонец кој пристигна на целта беше Тоше Анчев кој трасата од плоштадот Гоце Делчев во Струмица до плоштадот „Маршал Тито“ во Гевгелија ја истрча за 6 часа и на целта пристигна во 15 часот, сечејќи ја со градите целната лента.
Бројни гевгеличани ги дочекаа маратонците со аплауз за поддршка и за нивниот хуман гест со спортски настан кој бара исклучително здраво тело да потсетат на потребата од подршка на болните од тешките белодробни заболувања кои секојдневно поради болеста се борат за здив.

Хуманитарниот маратон се одржа во организација на Асоцијацијата „Момент плус“ од Гевгелија и Велосипедскиот клуб „Актив“ од Струмица кои со свои велосипедисти учествуваа на маратонот.

 



Учесниците на хуманитарниот спортски настан ги поздрави претседателката на Асоцијацијата за ПХ „Момент плус“ од Гевгелија Ѓургица Ќаева која побара да има лек за болните, а поддршка искажа и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков. 

Тоше Анчев, првиот маратонец кој пристигна на целта, иако настанот немаше натпреварувачки карактер, се обрати пред публиката изјавувајќи дека трча редовно, но денешниот маратон го посвети на гевгеличанката Ѓургица и на сите болни од оваа тешка болест. Со солзи во очите им посака здравје и поддршка за сите нив.

Дочекот на сите учесници во маратонот на градскиот плоштад во Гевгелија заврши со пригодна програма од ученици од гевгелиските училишта.



 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Министерот Спасовски и вицепремиерот Османи во Гевгелија

Спасовски: Полицијата успешно се справува со илегалните миграции и

Повеќе

Патот Гевгелија-Негорци пред завршница

Во тек е гребање на последниот километар од стариот асфалт до центарот на

Повеќе

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.