Прогласени победниците на „ЕСПЕРО 2018-2019“

Сабота, 05 Јануари 2019

„Кожуф Гевгелија“ во јуниорска конкуренција и „Пајдаков-Бекарт“ во сениорска се екипите победници на возобновениот, по две години пауза, Новогодишен турнир во мал фудбал „Есперо 2018-2019“

 

 

„Кожуф Гевгелија“ во јуниорска конкуренција и „Пајдаков-Бекарт“ во сениорска се екипите победници на возобновениот, по две години пауза, Новогодишен турнир во мал фудбал „Есперо 2018-2019“.

На турнирот кој беше во организација на ФК „Кожуф“ а помогнат од градоначалникот на општина Гевгелија учество зедоа 24 екипи од Гевгелија, Миравци, Богородица, Дојран, Негорци, Ѓавато, Струмица и Возарци. Турнирот започна на 14 декември со одиграни пет натпреварувачки круга меѓу учесниците кои беа поделени во 8 групи.

Финалните натпревари се одиграа вчера, петок, 4 јануари во спортската сала „24 април“ во Гевгелија. Првиот финален дуел се одржа меѓу јуниорите од 2007/2008 меѓу екипите „Џокер“ од Фурка и „Кожуф Гевгелија“, а победник беа гевгеличани со резултат 6 : 2.

Во малото финале меѓу сениорите се сретнаа „Баламов компани“ од Негорци и „Свид дин“ од Миравци. Миравчките фудбалери ги депласираа негорчани со резултат 5 : 0 и со тоа станаа носители на третото место на „Есперо“.

Вистинската финална пресметка за наградниот фонд од 120.000 денари за носителот на пехарот беше помеѓу сениорските екипи на „Пајдаков-Бекарт“ од Гевгелија и „Фламинго 2“ од Гевгелија. Четирите гола предност и резултатскиот скор од 5 : 1 за „Пајдаков-Бекарт“ го однесе на победничкото прво место.

Наградниот фонд беше распределен на следните пласмани:
- Прво место - 120.000 денари
- Второ место - 80.000 денари
- Трето место - 40.000 денари и
- Четврто место - 20,000 денари

Во поединечна конкуренција имаше посебни награди за најистакнатите на теренот, на голот и пред голот. Така, за најдобар фудбалер жирито го прогласи Зоран Левески од победничката екипа на „Пајдаков-Бекарт“. Наградата за најдобар голман на турнирот е доделена на Трајче Ников од екипата на „Казино Фламинго 2“, а за голгетер на турнирот е прогласен Раде Ристенски од екипата на „Свид Дин“.

Наградите на свечена церемонија пред присутната навивачка публика ги додели на екипните и поединечните добитници покровителот на турнирот, гадоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

 

Last modified on Сабота, 05 Јануари 2019 - 22:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почнува втората фаза од системот за наводнување Јужна долина на Вардар

Почнуваат градежните работи за изградба на системот за наводнување на јужната

Повеќе

Владата ќе добие пет нови министри

Денес од Валандово Премиерот Заев најави дека уште денес до Собранието ќе ги

Повеќе

Нов асфалт и проширување на регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска го најави почетокот на

Повеќе

Валандовски средношколци Елена и Борис во финале на Genius Olympiad во Њујорк

Елена Гребенакова и Борис Китановиќ, ученици во втора година гимназија при СОУ

Повеќе

Одбележување на Светскиот ден на бегалците во Гевгелија

Со штанд на УНХЦР на градскиот плоштад во Гевгелија од 08 до 20 часот денеска

Повеќе

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули, (значи за 10 дена) почнете да собирате фискални сметки од секое

Повеќе

„Ден на проширување“ тема на Европскиот комитет за региони

Денеска и утре во Брисел се одржува дводневниот 16-ти по ред Заеднички

Повеќе

Сезонска работа во Грција - примамливи плати за работа на море

Летен одмор и заработка е добра комбинација, ако е тоа работа на некои од

Повеќе

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.