Меѓународна акција по падините на Пајак планина

Понеделник, 08 Април 2019

26 планинари од Гевгелија, Скопје, Неготино, Куманово и од Холандија во организација на ЗСПК „Кожуф“ викендов реализираа искачување по висините на Пајак планина во Грција

 

 

26 планинари од Гевгелија, Скопје, Неготино, Куманово и од Холандија во организација на ЗСПК „Кожуф“ викендов реализираа искачување по висините на Пајак планина во Грција.
Планинарите од гевгелиски „Кожув“ со ова ја реализираа 16-та по ред акција од нивниот годинешен план на активности.

Акцијата започна од водопад Скра, кој се наоѓа во пазувите на Пајак планина на 450 метри надморска височина, и со својот тек го создава малото езерце Емералд. Водопадот го носи името на селото Скра (Љумница) кое е во негова непосредна близина. Постарите жители знаат дека овој дел од Пајак планина спаѓа во некогашната област позната како Бојмија, во која припаѓала и Гевгелија, а која денеска припаѓа на општина Пајонија од Кукушкиот округ.
По разгледување на водопадот и неговите убавини планинарите продолжија по патеката кон својата цел с.Горна Ливадија.



- „Патеката се движеше по букова и дабова шума па еден по еден во колона планинарите се движеа кон својата цел. Финишот во селото Голема Ливадија беше прославен со планинарски одмор за враќање проследен со дружба. Гостите кои ни се придружија во акцијата на Пајак своето задоволство го искажаа со намера и во иднина повторно да ни' се придружат на некоја следна акција во организација на ЗПСК „КОЖУФ“ Гевгелија“, изјави претседателот на клубот, Ристо Каркалашев.

Должината на рекреативната планинска убавина низ Пајак изнесуваше 16 километри кои планинарите ги пропешачија спремно, совладувајќи висинска разлика од 1.178 метри.
Водич на акцијата беше Каркалашев Ристо, лиценциран за вакви планински траси.



Викендов кој следува на 14-ти април членовите на ЗСПК „Кожув“ ја подготвуваат првата републичка акција од нивниот годинашен акционен календар на активности - традиционалниот марш „Перо Илиевски“. Истата има своја 25 годишна историја, а годинава се организира по 26-ти пат и се одвива по вообичаените патеки на Кожуф и кожуфските села Конско и Ума. Враќањето е преку местото Лековита вода. Вкупната должинска траса на патеката на маршот е 12,5 км. Поаѓање во недела во 7:30 часот од пред Спортската сала Гевгелија, а враѓање во 17 часот од локалитетот Лековита чешма кон Гевгелија.

Заедно со поканата да им се придружат љубителите на природата, организаторите од ЗСПК „Кожуф“ ги упатуваат граѓаните и соодветно да со подготват за престојот низ висините на Кожуф. (Линк за термин и место на поаѓање, неопходна опрема и распоред на активности за традиционалниот планинарски марш „Перо Илиевски 2019).

 

Last modified on Понеделник, 08 Април 2019 - 18:21

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.