Екипата на Фудбалскиот клуб „Дојранско езеро“ од Нов Дојран од 7 до 10 јуни учествуваа на меѓународен фудбалски турнир во Марибор, Република Словенија.
На турнирот покрај екипи од домаќинската Словенија учествуваа и Македонија, Австрија и Унгарија. Во конуренција на 16 екипи од регионот дојранските фудбалери го освоија третото место и бронзени медаљи за својот пласман.
Покрај одмерувањето на спортските сили и умешноста на терените, дојранчани, иако спортисти, се погрижија за промоција на својот крај и на Македонија преку посебно организиран штанд со презентација на промотивен материјал за Дојран и Дојранското езеро.
Членовите на стручниот штаб заедно со фудбалерите во текот на престојот во Словенија оствариле контакт со Месната област Побрежје во Марибор. Официјален прием имале од страна на претседателот на Советот на општината и заменичката на општина Марибор искажувајќи желба за збратимување помеѓу двете општини.
- „Спортот е најголемиот амбасадор на својата држава покажувајќи го тоа во безбројни наврати. Ние нашата цел ја остваривме - и фудбалската. и промотивната. Останува институциите да ја реализираат пријателската намера до крај, а тоа е збратимување на општините Дојран и Побрежје“, вели Дељо Ајцев, член на стручниот штаб на ФК „Дојранско езеро“.
Освен меѓународните докажувања, ФК „Дојранско Езеро“ годинава ја понесе и шампионската титула во Третата фудбалска лига-југоисток.
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и
Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од
Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои
Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека
Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија
Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна
„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во
Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани
Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари
Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и
Пресуда: 13 години затвор за Тони Манџа за разбојништво во казино во Гевгелија
Тони Кечев (40 год) од Гевгелија, викан Манџа доби казна затвор од 13 години за
ТОП ТРИ пратеника „рекордери“ во патни трошоци
За три мандати седење во пратеничките клупи, односно вкупно 9 години,
Ученичката Јована освои трето место по физика на „Месецот на науката“
Ноември - „Месецот на науката“ донесе нови награди за учениците од Општинското
Собранието против уставните судии за „воскреснување“ на амнестија од Иванов
Пред пратениците во Собранието на РСМ пристигна иницијатива за толкување на
Проект за секундарна гасификација и нови инвестиции од 5,9 милиони денари во
Секундарна гасификациона мрежа за Гевгелија во фаза на проектна апликација пред