Роналдо ја пронајде жената која во детството му давала бесплатни сендвичи

Петок, 20 Септември 2019

Сега е ѕвезда, а додека бил во фудбалската академија „Спортинг“ гладувал, па три жени кои работеле во „Мекдоналдс“ нему и на другите мали фудбалери им давале вечерта, пред затварањето на ресторанот, бесплатни сендвичи.

Кристијан Роналдо во разговор со новинарот Пирс Морган, го дде своето најдобро интервју во животот, раскажувајќи неколку интересни моменти од својот живот.

Роналдо зборувал за својот татко кој починал од последици од алкохолизам, раскажувал за тоа како за малку не преминал во Арсенал и уште многу други анегдоти. Но најинтересен момент од интервјуто бил расказ од детството кога бил во академијата на Спортинг.

Кристијано ден-денес се сеќава дека понекогаш навечер биле гладни, а мензата во интернатот била затворена, па често се случувало да отидат до задната врата од Мекдоналдс кој им бил тука преку улица.

Роналдо памети дека на смена имало три девојки од кои едната се викала Една. Девојките им давале останати сендвичи на малите фудбалери на Спортинг.

- „Се обидов да ги најдам, зборував со луѓе во Португалија, но досега не ми успеа. А тој Мекдоналдс е затворен таму. Се надевам дека ова интервју ќе ми помогне да ги најдам. Многу би бил среќен кога би ги нашол. Сакам да ги поканам сите во Торино или Лисабон на вечера. Сакам да им вратам за се што направија. Никогаш нема да заборавам што правеа за мене и многу го ценам тоа. Не може да замислите колку ми значеше тогаш“, искрено кажува Кристијано за деновите од детството кога бил сам преку стотици километри далеку од дома.

После ова интервју во Португалија се огласила една од девојките која работела во Мекдоналдсот близу интернатот на Спортинг. Се вика Паула Лека:
- „Доаѓаа секој ден. Откако затворавме ако останеше некој бургер, менаџерот ни дозволуваше да им ги даваме на дечињата. Еден од нив беше Кристијано Роналдо и тој беше најсрамежлив од сите“, се сеќава Паула во интервју за радиостаницата Renascenca.

Интересно, синот на Паула не верувал во тоа дека мајка му на времето му давала храна на Кристијано. А мажот и тврди дека е вистина: во тоа време веќе биле земени и тој ја собирал од работа и гледал кога децата чекаат сендвичи.

Паула ја прифатила понудата на Роналдо да оди на ручек во Лисабон или во Торино заедно со другите две девојки. Таа вели дека претходно молчела зошто не сакала да прави шоу од тоа.

„Ако ме викне во ресторан, секако дека ќе прифатам. Сакам да му се заблагодарам за топлите зборови и спомени од тоа време. Ништо повеќе не очекувам“, рекла Паула.

Емотивен момент од интервјуто беше и кога британскиот новинар му покажал снимка од татко му која Кристијано никогаш не ја видел.

Last modified on Петок, 20 Септември 2019 - 13:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија

Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.