Со саботната седма по ред сезонска победа во Источното дерби од Втората Македонска Фудбалска Лига, гевгелиски „Кожуф“ се искачи на првото место од табелата со 23 бода.
Најзаслужен за победата над „Тиквеш“ на гостински терен беше Зумровски кој од слободен удар упатен прецизно во мрежата на „Тиквеш“ го матира домаќинскиот тим со гол еднаков по квалитет на европските фудбалски натпревари. Ова беше единстениот гол на натпреварот, но доволен за победничките бодови на кожувци.
Ова беше ладен туш за тиквешките фудбалери кои по фантастичниот старт и неколкуте победи во низа, викендов прокнижија нов неуспех во ВМФЛ-Исток, откако не успеаја да го искористат домашниот терен и минимално загубија од тимот на Кожуф со 0-1.
За кавадарчани ова беше трет кикс во низа, по поразот од Беласица и ремито со Победа, додека Кожуф бргу го заборави болниот пораз од Брагалница во претходното коло и ја запиша седмата овосезонска победа.
Погледнете ја од видеото извонредната изведба на слободниот удар од младиот Ники Зумровски - човекот на одлуката за гевгелискиот тим, кој во 24-та минута од мечот со прекрасен погодок од слободен удар ја стресе домашната мрежа и погоди за голема победа на својата екипа.
По вчерашниот пораз од Кожуф со 0-1, тренерот Љупчо Димитковски (ФК „Тиквеш“) поднел оставка, но неизвесно е дали управата ќе му ја прифати. Вчера непознати сторители во знак на незадоволство од резултатте на овој клуб ги исекле металните стативи на стадионот „Тиквеш“ во Кавадарци.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар
Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец
Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина
Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија
Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица