Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Златен пехар и медали за ФК „ЏОКЕР“ од Фурка на турнир во Грција

Понеделник, 28 Октомври 2019

Пет натпревари, пет победи, 17 постигнати гола, само еден примен гол и златен пехар - тоа е постигнувањето на младите фудбалери на ФК „Џокер“ од Фурка, општина Дојран на турнирот „Golden Cup“ што се одржа викендов во Грција, во местото Агиа Триада.

Екипата која е во состав од дечиња родени 2007-та година, од место каде не постои стадион, туку селко игралиште, уште првиот ден од турнирот се наметна како фаворит извојувајќи три победи по ред, без ниту еден гол во мрежата на „Џокер“. Беа поразени нивните врсници од „Арис“ со 2:0 потоа екипата на „Аполон“ со 4:0, а домаќинскиот состав „Ахилеадис Триандрис“ на домашен терен го поразиле со 3:0. Девет гола, три победи, и празна мрежа од противничките напаѓачи биле доволни аргументи јуниорите од „Џокер“ Фурка да се наметнат како сериозни фаворити за финалето.
Стрелци на головите во првиот натпреварувачки ден биле: Филип Зајков (со три погодоци), Ристе Миленковиќ (2), Милан Миленковиќ (1), Илија Иванов (1), Михаил Митрески (1) и Гоце Петрески (1). Голманот Никола Илиев со 4 успешни интервенции ги пореметил шансите на противниците за бодовен резултат.

Во неделното полуфинале „Џокер“ за противник ја имаше екипата на „Pigassos Florinas“ која ја декласираше со четири постигнати гола и нитуеден примен (0:4).
Убедливите финалисти на „Џокер“ за противник во дуелот за победничкиот пехар го имаа тимот на „APOLLON 2 team“. И нему му испратија четири гола во мрежата, а примија само еден. Со финалниот резултат 1:4 за „Џокер“ подмладокот од фудбалска Фурка стана победник на „Golden Cup Greece 2019“ и носител на Златниот победнички пехар. Сите 17 млади фудбалери добија и златни медали за својата заслужена победа на теренот.

Турнирот се одржа на 26 и 27 октомври во „Planetfc Sports Center“ Тhessalonik.

Честитки!


Last modified on Понеделник, 28 Октомври 2019 - 13:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

ОЈО во Гевгелија со парични казни за девет лица

Јавното обвинителство на РСМ денеска издаде соопштение со кое се наведува дека

Повеќе

Обезбедени се 55 нови респиратори, се чека на испорака

Европската Унија и Норвешката амбасада во донаторска мисија за обезбедување

Повеќе

Седумдесет годишен А.А. е сторител на инцидентот прексиноќа во центарот на

Секторот за внатрешни работи, Канцеларија за односи со јавноста од Струмица во

Повеќе

Филипче: Забраната за јавни собири важи за сите - МПЦ да не повикува на

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на прес конференција на прашање

Повеќе

Хоспитализиран сторителот на синоќешното дивеење низ центарот на Гевгелија

Додека тече полицискиот час во Гевгелија и во целата држава, ја известуваме

Повеќе

Македонија почнува преговори за членство во ЕУ

Еврoпската Унија донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и

Повеќе

Дивеење во Гевгелија

Синоќа, додека траеше полицискиот час и забраната за движење на лица како мерка

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.