Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Горан Ташев единствен YU репрезентативец од ФК „Кожуф“ Гевгелија

Петок, 13 Декември 2019

Фудбалскиот клуб „Кожуф“ од Гевгелија кој годинава одбележува 97 години од своето основање за време кога опстојуваше во рамките на тогашна Југославија го даде првиот кадетски државен репрезентативец од своите редови - тогаш 13 годишниот Горан Ташев.

Неговите фудбалски почетоци се во далечната 1989-1990 година кога имал само 13 години. Неговиот талент со „буба марата“ на тревата е забележана на натпреварот на „Кожуф“ против ФК „Вардар“ кога Горан постигнува два евро гола против кадетскиот состав на вардарци кои тогаш биле прваци. Во репрезентативниот кадетски дрес бранејки ги боите на Југославија одиграл 10 натпревари и постигнал 6 гола.
Настапувал рамо до рамо со Јоксимовиќ од „Црвена Ѕвезда“, со Говедарица од „Партизан“, со Хаџи-Алагиќ од „Железничар“, со Муса од „Сараево“ кој тогаш бил капитен на кадетскатта репрезентација на Југославија, потоа со Ѓоргиевски „Вардар“, Остојиќ од „Црвена Ѕвезда“, Синадиновиќ од „Хајдук“, Прса од „Динамо“ Загреб, Вукобратовиќ од „Олимпија“ Љубљана. Во овој кадетски репрезентативен состав последниот дуел го Ѕашков го имал со репрезентацијата на Црна Гора и избориле победа од 4:2 за Југославија, и се пласирале за учество на Европското првенство во фудбал.  Но заради почетокот на воените дејствија на Југословенско тло,  не отпатувле на Европското првенство во Шведска. Било одбиено учеството на Југословенската репрезентација од страна на сите селекции. 
На 16 години станува член на првата постава на ФК „Кожуф“, а претходно настапувал како младински репрезентативец за Македонија и кадетски фудбалски репрезентативец за Југославија.

Препорака за селекцијата добил од тогашниот тренер Часлав Божиновски кој го препорачал на Фудбалската селекција на Југославија. Селекторите Слободан Сантраќ и Миљан Миљаниќ го препорачале за подготовки во Подгорица. Кога слушнале дека доаѓа од Гевгелија се зачудиле бидејќи никогаш не слушнале за локален клуб како „Кожуф“ да „исфрли“ таков квалитет за државен репрезентативец. На првиот тренинг од 10 слободни удари постигнал 9 голови и го слушнал коментарот на Сантрач за него дека „Доаѓа новиот Просинечки“.

Овој подем на Горан траеше се' до распадот на Југославија. И самиот вели дека многу изгубил со распаѓањето на Федерацијата, а со тоа и на југословенската репрезентација, зошто со убедливите негови рафали по мрежите на головите сигурно дека од кадетската ќе стасал да биде префрлен и во репрезентацијата над 18 години. Но, тоа не се случи, заради познатите воени цепкања на сојузните републики од СФРЈ, а меѓу нив и Македонија.

Овој општествен момент го враќа во Македонија и настапува како кадетски и младински репрезентативец на Македонија до 18 години. Паралелно ја остварува и клубската кариера како успешен фудбалер на ФК „Кожуф“ кој во тоа време настапува во Македонската прва лига, каде шампион беше „Вардар“. Потоа заминува да игра за „Силекс“ (од 1995, 1996 и 1997 година, од кои една година е на отслужување на воен рок, но повторно настапувал за „Силекс“). Во дресот на „Силек“ три пати станува екипен шампион на Македонија. Потоа продолжува да игра за „Тиквеш“, исто така во клуб кој настаувал во Првата Македонска фудбалска лига.

Гол стрелбите на Ташев (по 25 голиви во сезона) продолжуват и со дресот на „Беласица“, потоа игра за „Работнички Кометал“, а при крај на фудбалската кариера одиграл една година за ФК „Дојранско езеро“ (2006-2007). Остварил 20 годишна активна фудбалска кариера.

Како тинејџер го отсонувал прволигашкиот сон на зелените терени најпрво како кадетски репрезентативец на Југославија, потоа кадетски, па младински репрезентативец на Македонија и член на македонски прволигашки клубови.
Вели дека голем потстрек во кариерата му биле коментарите на неговиот татко и спортистите во семејството. Колку голови и да дал на една утакмица татко му Шеќи секогаш коментирал „Не беше добро“. Тоа го терало следниот пат да биде уште поуспешен и поубедлив во играта на теренот.
За спортскиот ген вели дека заслужни се потомците и убедливите спортски настапи на неговите роднини од семејството: вујкото Ставре Ташев, голгетер на Фудбалските клубови во чиј дрес настапувал, и тоа ФК „Кожуф“ Гевгелија, „Беласица“ и „Тетекс“, исто и тетка му Митра Ташева, капитен на Ракометниот клуб „Гевгелија“, која играла на позиција лево крило. Енергичноста на овој наш успешен наследник на гевгелиските спортски легенди кој и самиот испишал своја репрезентативна спортска легенда од гевгелиски „Кожуф“ на терените на Југословенските простори се огледува и сега во упорноста спортските амбиции да се преточат и кај неговиот осумипол годишен син кој исто така другарува со фудбалот од мали нозе. Ова лето најавен е пробен тест за малиот фудбалер во Риека, Р. Хрватска.

Сепак за Горан Ташев незаборавно е златното време на ФК „Кожуф“ кога настапувал во Првата Македонска лига со екипната постава од фудбалерите: 1. Алчинив, 2. Гушев, 3. Диневски, 4. Костов, 5. Ичев, 6. Ѓуров, 7. Тони Ризов, 8. Бакарџиев, 9. Танев, 10. Ташев, 11. Чурлинов Влатко, а тука беа и Стафидов, Јанкулов, Ефтимов, браќата Велиновиќ, Богоев и други одлични играчи.
За денешно време, после 15 години сеќавања за успешните денови на „Кожуф“ кој важи за најстар фудбалски клуб во Македонија (формиран во 1922 година), Горан ќе рече: „Има надежи големи во ФК Кожуф, само треба многу работа, а особено важно е да работат стручни тренери кои што имаат резултати зад себе и успех покажан на теренот, со успешно изградени спортски кариери“.

Горан Ташев е син на Петко Петков - познат како Шеки, (именуван по Драгослав Шекуларац Шеки, кој беше позната фудбалска ѕвезда на Југославија), а Шеки како незаборавна фудбалската легенда на Гевгелија со постигнати преку 500 голови во својата кариера, прогласен за личност на 20 век за Гевгелија, одејќи по стапките на својот талентиран татко стаса до репрезентативниот фудбалски дрес на поранешната заедничка држава на YU републиките, Југославија.

Гевгелија се оддолжи на фудбалската легенда Шеки со доделување на највисокото општинско признание „7-ми Ноември“ и прогласувањето за личност на 20 век за Гевгелија.
Фудбалските дострели на Горан Ташев како прв и досега единствен кадетски репрезентативец на Југославија и кадетски и младински репрезентативец на Македонија кој се лансирани од Гевгелија до престолнината на тогашна Југославија никогаш не биле наградени ниту од клубот, ниту од Општината. Беше прогласуван за голгетер на клубот, најдобар стрелец на натпреварите, играч на годината, но посветите од заедницата која аплаудирала на неговите голови, се кревала на нозе од неговите дриблинзи, остануваат за некое догледно време.
Горан е тука меѓу нас гевгеличани, активен во бизнис секторот. Спортската пасија ја дели со енергичен разговор за фудбалските дострели на „Кожуф“ и своето позитивно сеќавање за одживеаниот прволигашки фудбалски сон и скратената репрезентативна кариера од распадот на Југославија, на која тој како 13 годишник не можел да влијае.

Гевгелија ги чека своите нови спортски зенити, а поклониците на спортот кои го однеле името на Гевгелија и на ФК „Кожуф“ на југословенските медиуми се уште тука со нас и меѓу нас да ги раскажуваат спомените за едно успешно време, да ги посеат своите амбиции и знаења и на новите генерации млади спортисти од југот на Македонија.


P.S.
Се наближува одбележувањето на едновековното постоење на ФК „Кожуф“, секоја година доаѓа нов 7-ми ноември. Ќе се сети ли некој надлежен на младите легенди кои станаа дел од историските подеми на ФК „Кожуф“?

ФОТО: од Фејсбук архивата на Горан Ташев


Last modified on Сабота, 14 Декември 2019 - 00:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.