Топ Новости

Франција е новиот светски фудбалски шампион

  • Недела, Јул 15 2018

 

Фудбалската селекција на Франција е новиот светски шампион. „Галските петли“ во финалето на Мундијалот во Русија ја потопија селекцијата на Хрватска (4-2), која одигра историски турнир, но остана без сили во клучниот натпревар одигран на „Лужњики“ во Москва. За Франција ова е втора мундијалска титула, по онаа од пред 20 години, кога на домашно тло славеше генерацијата на Зидан, Петит, Бартез, Дешамп...

За разлика од последните шест финалиња, денес, двете селекции одиграа незаборавно финале, кое го красеше борбена и атрактивна игра, во која подобро се снајдоа француските фудбалери. Дешамп и за денешниот меч се одлучи за ист состав и иста тактика како во претходните натпревари. Франција не делуваше моќно на теренот, но одигра тактички перфектен меч, кој ѝ донесе втора светска титула. Хрватска пак, која од првата минута стартуваше со Иван Перишиќ, беше подобриот противник низ текот на сите 90 минути, но во фудбалот не така често победува подобриот тим.

Мечот на преполниот московски стадион започна според очекуваното, односно како што Франција го започна скоро секој меч на овој собир. Фудбалерите на Дешамп не сакаа да играат со топката и му ја препушти на противникот, кој создаде неколку полушанси, но без проблеми за Лорис. И кога Франција првпат ја помина својата половина, стигна до водство од 1-0. Гризман изведе перфектен слободен удар, а херојот од мечот со Англија, Марио Манџукиќ реагираше несмасно и несакајќи ја смести топката зад грбот на Субашиќ.

Сепак, Хрватска уште еднаш докажа дека е стабилна селекција и по само 10 минути игра во продолжението успеа да го израмни резултатот на 1-1. Од десната страна центаршут испрати Ребиќ, а во гужвата пред голот на Лорис најдобро се снајде Перишиќ и со ефектен погодок донесе хрватска радост на „Лужњики“.

Ако Марио Манџукиќ го постигна првиот автогол во историјата на финалињата на Светските првенства, во денешното финале беше досуден и првиот ВАР-пенал. Перишиќ играше со рака во својот казнен простор, па по прегледаните снимки Питана се одлучи да покаже најстрога казна, која во гол ја претвори првата француска ѕвезда Антоан Гризман.

Хрватите фуриозно го започнаа и вториот дел и по само три минути Лорис беше ставен на маки. Ребиќ упати вистинска бомба, но голманот на Тотенхем беше на висината на задачата и одлично интервенираше.

И додека хрватите напаѓаа, се отвори простор за неверојатниот Мбапе, кој со својата брзина ја размрда противничката одбрана и додаде до Погба, а фудбалерот на Манчестер Јунајтед од својот втор обид, со лева, мајсторски го совлада Субашиќ за сигурно француско водство од 3-1.

„Триколорите“ како да добија ветар во грбовите и тинајџерот Мбапе со фантастичен гол од над 20 метри повторно го матира хрватскиот голман и ја доближи својата селекција до „богинката“. Сепак, балканската селекција брзо успеа да се соземе, и намали на 4-2. Најзаслужен за вториот хрватски гол беше искусниот Уго Лорис, кој направи аматерска грешка и му дозволи на Манџукиќ да ја врати надежда на „коцкестите“.

До крајот на мечот Хрватска константно напаѓаше, но искусната француска одбрана не дозволи уште еден шок и рутински го сведе мечот во своја полза.

Пехарот за шампионот Франција, сребрени медали за хрватските репрезентативци   и титула најдобар фудбалер на СП во Русија 2018 за Модриќ. 

Хрватскиот капитен, Лука Модриќ, ја доби наградата за најдобар фудбалер на Светското првенство во Русија


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

60 години образовна дејност - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Подготвена свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“

Повеќе

Владата исплати 60,7 милиони денари финансиска помош на општина Гевгелија

Поцков: Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.