Почина Благој Истатов - голманска фудбалска легенда

  • Четврток, Сеп 27 2018

 

 

Македонскиот фудбал утрово загуби големо фудбалско име. Легендата Благој Истатов почина на 71-годишна возраст. Струмичкиот голман е една од најмаркантните личности во македонскиот фудбал.

Роден е 5 април 1947 година, а во својата голманска кариера, освен за струмичка „Беласица“, настапувал и за „Победа“ од Прилеп, белградски „Партизан“ и холандски „Утрехт“. Најблескавите моменти ги мина во Србија и Холандија, а беше дел и од фудбалската репрезентација на поранешна Југославија.

Откако ја заврши голманската кариера, Истатов беше тренер на „Беласица“ и други фудбалски тимови во нашата земја. Истатов беше дел од стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација, а се вклучи во работата на ФФМ како член на Управниот одбор.


Во 2015 година Фудбалската Федерација на Македонија на познатиот и успешен македонски фудбалер Истатов му врачи признание за животно дело во областа на фудбалот, на манифестација одржана во МНТ, на која продефилираа и други фудбалски имиња најуспешни во таа година.

Во последните години од животот Истатов живееше и работеше во Дојран, како сопственик и стопанственик на Хотел „Истатов“ во Нов Дојран, каде основаше фудбалска школа во Дојран, а во 2010 година истото го направил и во Струмица (Градско Балдовци). Школата на Истатов е под патронат на Партизан и има потпишано долгогодишен договор за соработка во месец август 2010 година.

Се' уште нема информации кога и каде ќе биде одржано последното проштавање од легендата Истатов.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.