Топ Новости

Женските фудбалски надежи од Миравци на селективен камп за репрезентацијата на РМ

  • Вторник, Дек 04 2018

 

 

Три фудбалерки од гевгелиско Миравци викендов учествуваа на Селективен камп за репрезентативки во Скопје за У-13 и У-15.
Изминатиот викенд во Скопје се одржа тридневен селективен камп на стадионот „Борис Трајковски” во Маџари за фудбалерки до У-13 и У-15, односно генерација 2004-2008 година. На овој краток собир учествуваа вкупно 42 повикани фудбалерки од сите екипи во Македонија и ова за нив претставуваше подготовка за влез во репрезентативниот дрес.

Тренинзите ги предводеа: Зоран Златковски, Бојана Иванова, Катерина Милеска, Александра Ристовска, Росица Костова, Јовица Блажески, Ширет Браими и координатор на проектот беше Добре Димоски. Сите овие тренинзи и собири се од голема важност за женскиот фудбал во Македонија за што подобра подготовка за идните репрезентативни предизвици и квалификации како во младинските селекции така и во сениорска конкуренција.

Меѓу поканетите фудбалерки беа три наши фудбалски надежи, Бојана Иванова, тренер на Фудбалската школа „Миравци“ од Миравци и членките од фудбалскиот женски клуб од Миравци Анастасија Ашовалиева и Марија Јованова.

- „Ова е проект за иднината на женскиот фудбал и селектирање на млади фудбалерки кои се иднината на репрезентативниот женски фудбал во Македонија, а има генерации од 2004 до 2008 година” – изјавува Бојана Иванова која е дел од стручниот штаб на македонската женска фудбалска репрезентација.
Таа најави дека селектирањето не е завршено. Во јануари 2019 ќе следува зимски селективен камп кога се очекува поголем број на женски фудбалски приврзаници. Конечниот избор на женската фудбалса селекција е процес кој ќе заврши следната година, под будното око на седумте тренери од федерацијата и еден координатор. 

Младата и амбициозна Иванова е поранешна македонска репрезентативка која во моментот е актуелен тренер на Женскиот фудбалски клуб „Миравци' од Миравци и раководител и тренер на истоимената Фудбалка школа во Миравци каде членуваат, тренираат и се подготвуват за игра 60 дечиња (20 девојчиња и 40 машки) на возраст од 11 до 14 години. Како клуб за млади постојат од 2016 година и играат во детска лига и на турнири во регионот.

Бојана е лиценциран тренер со А и Б диплома на УЕФА. Апсолвент е на Факултетот за физичка култура со што најавува дека и професионално останува во спортот и со спортот.

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.