Топ Новости
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Лазаров по втор пат најдобар спортист на годината

Петок, 10 Јануари 2014

Избор на Сојузот на спортски федерации на македонија и Агенцијата за млади и спорт на „Спортист на годината 2013“  

Капитенот на машкиот ракометен национален тим, еден од најдобрите стрелци во Лигата на шампионите во дресот на Барселона, македонската гордост Кирил Лазаров е „Спортист на годината 2013“ на свечената манифестација која се одржа синоќа во Музејот на македонската борба во организација на Сојузот на спортските федерации на Македонија и Агенцијата за млади и спорт. Наградата Лазаров ја освојува по вторпат (2010 година), сега во конкуренција на кик боксерот Димитар Ѓорѓиев и каратистот Дејан Недев.

„Горд сум на оваа награда. Се радувам, но чувствувам и голем предизвик и лична обврска да ја надоградам во иднина и да продолжам да ја радувам мојата земја“, беше првата реакција на најдобриот спортист за 2013 година.

Во женска конкуренција наградата за најдобра спортистка за минатата година и’ припадна на ракометарката на ЖРК Вардар СЦБТ, Билјана Црвенковска.

Освојувачот на бронзен медал во категоријата до 78 кг на Светското карате првенство за кадети и јуниори, кое лани во декември се одржа во Гуадалахара, Шпанија, Берат Јакупи е најдобар млад спортист за 2013 година, додека тенисерката Лина Ѓорческа, која освои седум ИТФ турнири во двојки е победничка во категоријата најдобра млада спортистка.

Најдобар тренер/селектор е Драган Атанасовски, кој беше во аголот на кик-боксерот Димитар Ѓорѓиев, кој освои шампионска титула во дисциплината лоукик во категоријата до 74кг на СП во Турција.

Единствен во својата категорија е спортист-лице со инвалидитет е пливачот Андреј Стојановски, кој беше најуспешен македонски претставник на Олимпијадата за глуви која (26 јули- 4 август 2013) во Софија, Бугарија, каде заврши на 4. место во неговата примарна дисциплина 1.500 метри.

За најуспешен машки национален тим е кугларската селекција со освоениот сребрен медал на ЕП за сениори екипно, додека женската ракометна репрезентација е најдобар женски тим за 2013 година. Ракометната федерација на Македонија со сите репрезентативни и клупски обврски е избрана за најуспешно организирана федерација.

Меѓу победниците, но во категориите за кои не се гласаше награди имаше и за најдобриот спортски клуб „Ѓоргија Пулески“-Скопје (основно училиште), „Ѓорче Петров“-Прилеп (средно училиште) и женскиот ката тим на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ за освоено прво место на ЕП.

Најдобриот македонски спортист за „Македонски спорт“ направи една ретроспектива за 2013 година, онаа за која и по вторпат дојде до статусот „спортист на годината“.

„Многу настани имав во 2013 година, а и долга е сезоната на еден професионален спортист. Почна турбулентно, со учеството на репрезентацијата на Светското првенство во Шпанија, каде стигнавме до осминафиналето. Тоа е делумен успех, бидејќи очекувавме многу повеќе. Потоа се случија некои работи на клупски план. Со Атлетико Мадрид освоив титула, а истиот тој клуб со голема традиција преку ноќ згасна. Но, на ист начин, преку ноќ, се исполни и мојот детски сон, станав играч на Барселона. Можеби токму тој момент, мојот потпис за Барселона е најголема работа што ми се случи во 2013.
Потоа дојде и пласманот на СП со Македонија и работите тргнаа кон подобро. За многу краток временски период освоивме трите титули со Барселона, следи доминација во Лигата на шампионите, доминацијата во првенството во Шпанија...

Капитенот на националниот тим веќе јасно гледа кон целите за 2014 година.
„Може делувам скромно, но не сум скромен за успеси. Жеден сум за нив како никогаш до сега, дури и повеќе иако сум освоил многу и можам слободно да кажам дека сум успешен“, заклучува македонската гордост.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со

Повеќе

Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци

Повеќе

Пожар кај Моин во месноста „Срнак“ се' уште активен

Три возила на Територијалната противпожрна единица од Гевгелија со 6 лица

Повеќе

Воз удрил во автомобил кај с.Давидово

Денеска (27.07.2020 г.) пред мугрите во 04:45 часот, се случила сообраќајна

Повеќе

Во Струмица попави, во Валандово штети, во Гевгелија краткотраен пороен дожд

Вчерашното облачно време во Гевгелија донесе краткотраен пороен дожд, но во

Повеќе

Редари од Општина Дојран со акција за промовирање на ковид мерките за заштита


Ваучер туризмот заживеа деновове во Дојан, а за време на викендите бројот на

Повеќе

Поплави во Загреб, починал еден член од спасувачките екипи, поплави и во Тузла

Со врнежи од дожд кои донесоа воден талог од 70 литри наврнат дожд на 1 метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.