Топ Новости

Ѓокови елиминиран од Вавринка во четвртфиналето

Вторник, 21 Јануари 2014

Швајцарецот Станислас Вавринка со победа на Австралија Опен го детронизира Ѓоковиќ  

Швајцарецот Станислас Вавринка, го елиминира бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ, во четвртфиналето на Австралија Опен. Вавринка по четири часа игра победи во пет сета со 2:6, 6:4, 6:2, 3:6, 9:7.

Швајцарецот, кој на Австралија Опен е поставен за осми носител ја прекина тригодшната доминација на Ѓоковиќ на овој Грен слем.

Ѓоковиќ рутински го доби првиот сет, по што Вавринка го подигна нивото на својата игра, српскиот тенисер немаше одговор за првиот сервис и Швајцарецот поведе со 2:1 во сетови.

Ѓоковиќ се врати во мечот во четвртиот сет, направи брејк на стартот од сетот и пота без проблеми го доби.

Драмата започна во решавачкиот сет, Ѓоковиќ, уште во третиот гем направи брејк, но во следниот возврати Вавринка. Двајцата тенисери беа сигурни на својот сервис се до 16-от гем, кога при резултат 30:30, Ѓоковиќ со две неизнудени грешки му ја овозможи заслужената победа на Вавринка.

Ѓоковиќ и Вавринка имаа по 60 неизнудени грешки, но Швајцарецот имаше шест директни поени повеќе од противникот (51/45). Вавринка имаше и повеќе ас сервиси (17/7), а интересно Ѓоковиќ иако загуби освои повеќе поени на мечот (161/153).

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јане Велковски од Македонија ќе учествува преку УНИЦЕФ на самит на ОН

Единаесет годишниот Јане Велковски, кој е застапник на деца со попреченост од

Повеќе

Ученици собраа 53,2 кг пластичен отпад од „Илинденска“ во Гевгелија

Екоакцијата организирана на крајот од работната недела во Гевгелија на улица

Повеќе

Во декември почнува „Мој ДДВ – Моја Награда“ со награден фонд од половина

Две главни награди, но и доделување на дневни и месечни награди со вкупен

Повеќе

Ветинг во судството вети Заев на граѓанска трибина во Велес

По низата реакции во јавноста за застарените судски случаи кои судот ги

Повеќе

Средба на борците од Кленоец и Гевгелиски членови на СЗБ од НОБ

Во чест на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот кој е по раѓање

Повеќе

Еденипол часовен протест на судската администрација во Гевгелија

Триесет и тројца вработени во Основен суд Гевгелија со работен статус „судска

Повеќе

Иницијатива за незастарување на кривични дела направени од функционер

Екпертите со иницијатива: Кривичните дела сторени од функционери да не

Повеќе

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.