Топ Новости

Лазаров: Молчиме само поради “мир во куќата“

Среда, 22 Јануари 2014

Капитенот на репрезентацијата и најдобриот стрелец, во досегашниот тек од Европското ракометно првенство, Кирил Лазаров смета дека тимот не бил подготвен за одлучувачките моменти на мечот со Исланд  

Најдобриот стрелец, во досегашниот тек од Европското ракометно првенство, Кирил Лазаров, не е задоволен од учинокот на македонската репрезентација. Во интервју за ракометниот портал „Balkan-handball.com“, Лазаров открива и дел од проблемите со кои се соочува националниот тим.

Капитенот на репрезентацијата смета дека тимот не бил подготвен за одлучувачките моменти на мечот со Исланд.

„Го имавме Исланд, но не трениравме, ниту пак бевме подготвени за одлучувачките моменти од натпреварот. Мора да се тренира за да сте подготвени и сигурни да одиграте како треба во такви моменти. Бев разочаран по поразот“, рекол Лазаров.

„Во досегашниот тек од првенството имаме три порази, едно реми и една победа. Примарната цел е исполнета, но е далеку од нашите очекувања. Сите се правиме дека сме задоволни само поради ’мир во куќата’. Не ми се допаѓа таквиот пристап. Тоа во иднина може скапо да не чини. Лошите работи засега мајсторски ги покриваме“.

Лазаров проговори и за натурализацијата на играчи.

„Натурализација? Без натурализирани играчи, играјќи со срце стигнавме до втората фаза. Во вториот круг сеуште ништо немаме направено. Играчите не се согласуваат со тоа, но системот е таков, мора да се молчи. Не сме на добар пат“, рекол капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.

 

Last modified on Среда, 29 Јануари 2014 - 02:08

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јане Велковски од Македонија ќе учествува преку УНИЦЕФ на самит на ОН

Единаесет годишниот Јане Велковски, кој е застапник на деца со попреченост од

Повеќе

Ученици собраа 53,2 кг пластичен отпад од „Илинденска“ во Гевгелија

Екоакцијата организирана на крајот од работната недела во Гевгелија на улица

Повеќе

Во декември почнува „Мој ДДВ – Моја Награда“ со награден фонд од половина

Две главни награди, но и доделување на дневни и месечни награди со вкупен

Повеќе

Ветинг во судството вети Заев на граѓанска трибина во Велес

По низата реакции во јавноста за застарените судски случаи кои судот ги

Повеќе

Средба на борците од Кленоец и Гевгелиски членови на СЗБ од НОБ

Во чест на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот кој е по раѓање

Повеќе

Еденипол часовен протест на судската администрација во Гевгелија

Триесет и тројца вработени во Основен суд Гевгелија со работен статус „судска

Повеќе

Иницијатива за незастарување на кривични дела направени од функционер

Екпертите со иницијатива: Кривичните дела сторени од функционери да не

Повеќе

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.