Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Вавринка ја разби врвната тројка до тенискиот трон

Вторник, 28 Јануари 2014

Со пебеда над Ѓоковиќ, Федерер и Надал во финалето ја освои својата прва Грен слем титулата на Австралија Опен во Мелбурн  

Во неделниот финален меч на Австралија Опен што се одржа во Мелбурн швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка го победи повредениот Рафа Надал со 6:3/6:2/3:6/6:3 со што ја освои својата прва гренд слем титула на Австралискиот опен. 28-годишниот Швајцарец пред неделното финале во 12 меча немаше освоено сет против Надал, но започна со фуриозен напад на 13-кратниот гренд слем шампион.

Надал изгледаше на работ на откажување во вториот сет, кога го повреди грбот и мораше да земе медицинска пауза, но успеа полека да се врати во игра и да го освои третиот сет. Шпанецот беше апсолутен фаворит за титулата со што би станал првиот тенисер со барем по две титули од гренд слем турнирите, меѓутоа на крајот Австралија повторно се покажа кобна.

„Рафа, навистина ми е жал, се надевам дека ќе се опоравиш бргу. Ти си одлично момче, добар пријател и неверојатен шампион. Лани имав луд меч во Австралија и го загубив. По мечот плачев! Меѓутоа многу се случи за една година. Се уште не ми се верува, како да сум во сон“, изјави Вавринка.

Швајцарецот загуби во пет сета од Новак Ѓоковиќ во 4. коло во Мелбурн во најдолгиот меч од сезоната. Ѓоковиќ ја освои титулата, и потоа го победи Вавринка повторно во пет сета во УС опен полуфиналето. Вавринка врати за се оваа година, победувајќи го актуелниот шампион Ѓоковиќ во четвртфиналето и сега ќе скокне од осмото на 3. место на АТП листата, поминувајќи го Роџер Федерер (кој загуби од Надал во полуфиналето) за првпат да е највисокорангираниот Швајцарец.

Надал од друга страна има лоша серија повреди на Австралискиот опен, кој еднаш го опиша како својот „најнесреќен“ гренд слем. Во 2013 тој го пропушти турнирот, а во 2010 и 2011 загуби во 1/4 финалето поради повреди.

„Многу честитки до Стен, бидејќи навистина ја заслужува титулата. Среќата беше против мене денес, но тој ја заработи титулата. Ова беа емоционални две недели и жал ми е што завршувам вака. Ова е можеби најемоционалниот турнир во кариерата“, изјави Надал.

Last modified on Среда, 29 Јануари 2014 - 02:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со

Повеќе

Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци

Повеќе

Пожар кај Моин во месноста „Срнак“ се' уште активен

Три возила на Територијалната противпожрна единица од Гевгелија со 6 лица

Повеќе

Воз удрил во автомобил кај с.Давидово

Денеска (27.07.2020 г.) пред мугрите во 04:45 часот, се случила сообраќајна

Повеќе

Во Струмица попави, во Валандово штети, во Гевгелија краткотраен пороен дожд

Вчерашното облачно време во Гевгелија донесе краткотраен пороен дожд, но во

Повеќе

Редари од Општина Дојран со акција за промовирање на ковид мерките за заштита


Ваучер туризмот заживеа деновове во Дојан, а за време на викендите бројот на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.