Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Перо Антиќ избран за Олстар

Четврток, 30 Јануари 2014

Некогашниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација и член на “Атланта“- Перо Антиќ, виќендов, како дебитант, ќе биде дел од натпреварот помеѓу кошаркарите кои втора година играат во НБА и оние на кои ова им е премиерна сезона  

 

Тимот на Атланта хокс на својот профил на „Твитер“ се пофали дека Перо Антиќ успеа да влезе меѓу малкутемина избрани да играат на олстар-викендот. Како дебитант, тој ќе биде дел од петочниот натпревар меѓу кошаркарите кои втора година играат во НБА и оние на кои ова им е премиерна сезона, или популарно наречениот Rising Star Chalenge.

Атланта напиша „Лудувај, Македонија, тој успеа“ на својот профил на „Твитер“ и му го честита изборот на Антиќ. Тој веднаш возврати со своја изјава.

„Сакам да им се заблагодарам на соиграчите, на тренерите и на сиот персонал во Атланта. Горд сум да ги претставувам градот Атланта и мојата родна земја Македонија на олстарот во Њу Орлеанс“, напиша Антиќ.

Играчите за натпреварот на софмор и руки ги избираа помошниците на тренерите во сите екипи од НБА, додека ѕвездите Шекил О’Нил и Чарлс Баркли ќе бидат предводници на по една од екипите, каква што е традицијата од 2012 наваму. Шек и Чак ќе избираат кој ќе игра во нивната екипа на 6 февруари.

Антиќ беше оправдано избран меѓу 18-те кошаркари затоа што води во категоријата скокови и тројки меѓу дебитантите и е четврти стрелец.

Олстар-натпреварите ќе се одржат викендот на 14, 15 и на 16 февруари. Настапот на Антиќ е под знак прашалник затоа што неодамна заработи повреда, која го оддалечи од терените неколку недели и сe уште се нема вратено во игра.

Last modified on Петок, 31 Јануари 2014 - 05:19

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.