Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Сеќавање за д-р Петков од англискиот алпинист Адам Бут

Понеделник, 21 Мај 2018

Адам Бут (Adam Booth), британски алпинист со сеќавање за своите средби и познанство од другарувањето на Монт Еверест со нашиот гевгеличанец, д-р Георги Петков

 


Адам Бут (Adam Booth), британски алпинист со сеќавање за своите средби и познанство од другарувањето на Монт Еверест со нашиот гевгеличанец, д-р Георги Петков:

- „За жал вчера добивме некои ужасни вести во Катманду непосредно пред да полетам назад - Георге, член на нашата експедиција од Македонија, одеднаш почина додека се искачи на врвот Еверест, веројатно од срцев удар. Би сакал да го искажам моето сочуство до неговите пријатели и семејството. Иако имаше очигледна јазична бариера помеѓу Георги и останатите членови на експедицијата, сѐ уште можевме да играме карти заедно и да гледаме филмови, како и да трошиме многу време заедно на планината, па така изградивме еден вид другарство во текот на последните 7 недели. Последен пат се сретнавме во Кампот 2, јас само што слегов од врвот Лотсе и се спуштив во базниот камп. Тој ми даде голема честитка и ми рече: "Силен млад човек!" Со солзи во очите. RIP George. Летај во планините засекогаш“, напиша Адам Бут на својот Фејсбук профил.

Адам Бут (Adam Booth), е веќе вратен во својата земја Велика Британија и околу 72 часа по напуштањето на експедицијата за искачување на врвот Лотсе (Lhotse), четвртиот највисок врв во светот во состав на Хималајскиот масив, ги напиша прошталните зборови од другарот по алпинистичка пасија, другарот од базните кампови на Хималаите, нашиот гевгелиски планинар и алпинист, д-р Георги Петков.

Во својата проштална посвета за д-р Георги Петков,  заедничките фотографии од снежната белина на Хималаите, Бут се сеќава на тоа дека Георги бил секогаш напред, спремен за поддршка и помош на другите од тимот и „Секогаш со насмевка“.

Почивај во мир, наш Георги.

Фото: од Адам Бут посветена на гевгелискиот алпинист д-р Георги Петков - „RIP George. Smiling as usual“

Last modified on Вторник, 22 Мај 2018 - 10:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.