Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Втора победа на македонските ракометари на СП

Недела, 13 Јануари 2019

Со денешната победа на репрезентацијата на Бахреин со резултат 28:23 македонските ракометари ја прокнижија втората победа на Светското Првенство во ракомет

 

 

Со денешната победа на репрезентацијата на Бахреин со резултат 28:23 македонските ракометари ја прокнижија втората победа на Светското Првенство во ракомет што годинава се одржува во Германија и Данска.

Со оваа победа Македонија ги остави зад себе Бахреин и Јапонија. Клучниот чекор кон нови два бода го направивме во завршницата на првото полувреме. За 11 минути примивме само еден гол, дадовме седум и се одлепивме на 12-8, дотогаш највисоки.

Одбраните и на двете репрезентации беа добри, голманите одлични и пресудуваа грешките, кои Бахреин ги имаше повеќе во финишот. Претходно и Македонија имаше критичен период од 11 минути без да постигне гол, меѓутоа Раул го реши со промена, со внесување на Филип Лазаров, дури и на Филип Чурлевски, со играње „7 на 6“ и тоа донесе убава предност на паузата.

Во завршните 10 минути Раул се обиде да ги одмори првотимците, па им даде шанса на Митревски, Танкоски, Серафимов, Крстевски, а мечот се претвори во мала бркотница бидејќи Бахреин почна да игра без голман, па прими неколку погодоци на празна мрежа. На крај, повторно Кире Лазаров беше најефикасен со осум гола, по четири имаа Кузмановски и Манасков.

Следниот натпревар на МК репрезентацијата е утре во 18 часот кога ќе се соочат на терен со екипата на Хрватска.

 

Last modified on Недела, 13 Јануари 2019 - 17:09

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Марија Костадинова: Градиме инфраструктура - Патиштата ќе не' направат поблиски

Кандидатката за член на Собранието на РСМ, која е на изборната листа на СДСМ и

Повеќе

Почина 54 годишен маж во сообраќајна несреќа кај Богородица

Вечерва после полноќ, во 01:30 часот (ден четврток 09.07.2020 год.) било

Повеќе

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.