Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Ѓоковиќ и Надал во ново епско финале

Недела, 27 Јануари 2019

Денот почнува со спектакл во Мелбурн - машкото финале на Австралија опен помеѓу српскиот ас и шпанsкиот тенисер

 

 

Претпладнево во 09.15 часот по средноевропско време во Мелбурн е закажано машкото финале на Австралија опен. Финалисти се Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Дуелот ќе биде 53 меѓусебен на Србинот и Шпанецот кои по 26 пат ќе играат за титула и по осми пат на гренслем турнирите.

Ѓоковиќ претпладнево ќе атакува по седми трофеј во Мелбурн во седмото финале. Надал, пак, е во блага предност во однос на моментно водечкиот на АТП листата кога во прашање се финалните натпревари на турнирите од големата четворка. Шпанецот води со 4:3 и тоа е една од статистичките категории во кои е во водство во дуелите со српскиот ас.

Што велат бројките? – Ѓоковиќ води со 27:25 во меѓусебните дуели со Надал кој, пак, рековме води со 4:3 во гренслем финалните средби. Но, гледајќи ги севкупно нивните финалните пресметки на АТП турот, билансот е на страна на Србинот (15:10).

Организаторот на турнирот сè уште не одлучил дали машкото финале ќе биде под затворен кров. Температурите во Мелбурн преку ден се блиску до 50. степен, па затоа и дилемите за овозможување на похумани услови за игра што веројатно ќе бидат отстранети пред самиот натпревар.

Надал беше на терен десетина минути повеќе од Ѓоковиќ на годишното издание на турнирот. Изминатите шест меча, Шпанецот ги реши за 12 часа и 11 минути за разлика од Србинот кој играше 11 часа и 59 минути. Надал игра со лева рака, Ѓоковиќ е деснак, Надал има 80 турнирски победи (17 гренслем титули), Ѓоковиќ има 72 АТП титули (14 на гренслем турнирите). Надал има 32 година, една повеќе од Ѓоковиќ и на крајот на краиштата во дело на занимливостите, Надал е со статус на професионалец од 2001 година, а Ѓоковиќ од 2003 година.

 

Last modified on Недела, 27 Јануари 2019 - 03:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.