Топ Новости
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Почина Ники Лауда - легендата на Ф1

Вторник, 21 Мај 2019

Утрово на 71 година почина поранешниот возач во Ф1, Ник Лауда, после неколку месеци борба со болеста. Австриецот го освои Ф1 првенството во 1975 и 1977 година како возач на Ферари и во 1984 година додека возеше болид на МекЛарен.

Тој почина 44 години по големата несреќа која ја преживеа.
Тогаш Лауда на самиот старт на трката во Нурбургринг, беше заробен во својот запален болид, а за да бидат работите полоши, немаше ниту кацига, која му испадна од глава.

Тогаш животот му го спасија колегите, кои ги паркираа болидите во близина на неговиот, па успеаа да го извлечат.
- „На крајот Мерцарио, Ертл и Лунгер, сите заедно, ме извлекоа од болидот. Ирецот Џон Вотсон клекна зад мене и ме држеше за глава. Го прашав како изгледам, а тој кажа дека не е толку лошо“, кажа Лауда пред многу време, иако до крајот на животот ги носеше лузните од несреќата.


Со легендарниот возач денес се простуваат многу великани, меѓу кои и Нико Розберг, кој даде сочуство по заминувањето на Лауда од овој свет.

„Почитуван Ники. Ви благодарам за тоа што го направивте за мене. Научив многу од вас. Почивај во мир“, напиша Розберг на својот Инстаграм профил.

Легендарниот австриски возач можеби е најпознат по ривалството со Џејмс Хант од 1976 година, кога Британецот му ја одзема титулата со само еден бод предност. Тоа ривалство послужи и за снимање на познатиот филм – Rush.

 

Last modified on Вторник, 21 Мај 2019 - 15:10

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со

Повеќе

Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци

Повеќе

Пожар кај Моин во месноста „Срнак“ се' уште активен

Три возила на Територијалната противпожрна единица од Гевгелија со 6 лица

Повеќе

Воз удрил во автомобил кај с.Давидово

Денеска (27.07.2020 г.) пред мугрите во 04:45 часот, се случила сообраќајна

Повеќе

Во Струмица попави, во Валандово штети, во Гевгелија краткотраен пороен дожд

Вчерашното облачно време во Гевгелија донесе краткотраен пороен дожд, но во

Повеќе

Редари од Општина Дојран со акција за промовирање на ковид мерките за заштита


Ваучер туризмот заживеа деновове во Дојан, а за време на викендите бројот на

Повеќе

Поплави во Загреб, починал еден член од спасувачките екипи, поплави и во Тузла

Со врнежи од дожд кои донесоа воден талог од 70 литри наврнат дожд на 1 метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.