Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Вардар е првак на Европа во ракомет

Недела, 02 Јуни 2019

Со победа над Веспрем со резултат од 27:24, македонските рекометари на „Вардар“ денес се качија на тронот на ракометна Европа.
Пехарот на Лига на шампионите по втор пат во рацете на македонскиот ракометен клуб „Вардар“.

Вардарци доминираа речиси сите 60 минути од натпреварот, со водство од еден до максимални пет разлика со кои заминаа на пауза после првото полувреме (16:11).

Вардар во осмина финале го победија „Загреб“, синоќа ја декласираа „Барселона“ а во текот на ЛШ ги победи и двата тима од Унгарија, „Пик Сегет“ во четврт финале и „Веспрем“ во финалниот меч.

Во борбата за трофејот последниот победнички гол го даде Чупиќ на 1 минута и 50 секунди до крајот на натпреварот, што беше знак дека победата е решена, поради временска неможност за некаков пресврт на терен од страна на играчите на Веспрем.

И покрај бројните финансиски проблеми на вардаровиот тим по заминувањето на сопственикот тие ја заслужија победата со пожртвувана игра на теренот.

Од 40 шутирања Вардар реализира 27 гола, со реализирани 4 од 4 пенали, а кај Веспрем статистиката вели дека имале 37 шута со реализирани 24 гола и 5 од 6 пенали. Тоа само покажува дека второпласираниот играта ја темелеше на пенали и груба игра со 2 жолти и 5 црвени картони и исклучувања од теренот.

Вардарци и донесоа радост и гордост на Македонија освојувајќи го првото место на FINAL4 за сезоната 2018/2019 и по втор пат во својата историја станаа прваци на ракометна Европа.


Last modified on Недела, 02 Јуни 2019 - 21:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со

Повеќе

Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци

Повеќе

Пожар кај Моин во месноста „Срнак“ се' уште активен

Три возила на Територијалната противпожрна единица од Гевгелија со 6 лица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.