Топ Новости

Четири медаљи за гевгелиските спортисти од „Мобилност“

Вторник, 11 Јуни 2019

На годинашниве 31 по ред Републички Спортски Игри на лица со телесен инвалидитет во дисциплина „Атлетски повеќебој“ учествуваше и петточлена екипа на Здружението на граѓани „Мобилност“ од Гевгелија кои се закитија и со медаљи за освоените резултати.

Прво место и златен медал во „атлетски побеќебој мажи“ го освои Никола Пеев, а третото место и бронзен медал во истата категорија му припадна на Александар Талески. Нивниот успешен пласман беше во конкуренција на 28 натпреварувачи од повеќе здруженија од земјава.

Во конкуренција на женски натпреварувачки успешен резултат со освоено второ место во „атлетски повеќебој жени“ оствари Орхидеја Стрезоска. За истакнување е што ова е резултат на републичко ниво, а во меѓународна конкуренција беше исто така забележителна, потврдувајќи ги своите способности и спортски резултати со освоеното трето место во меѓународна конкуренција по истата дисциплина.

Освен атлетика, машките претставници од Гевгелија Никола Пеев и Александар Талески учествуваа и на пријателски фудбалски натпревар помеѓу ФК „Мобилност Македонија“ и ФК „Охрид“.

31-те Републички Спортски Игри на лица со телесен инвалидитет се одржаа во Струга од 6-9 јуни годинава во организација на Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија, Параолимпискиот комитет и Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија- „МОБИЛНОСТ Македонија“.

Честитки до членовите на гевгелиската екипа на „Мобилност“ кои успешно го претставија Здружението на лица со телесен инвалидитет од Гевгелија и се закитија со медали, упати и претседателкста на „Мобилност“ Гевгелија - Даниела Гошева Кангов. Со својата упорност и видливи резултати на спортските терени учесниците докажаа дека активен живот значи здрав живот и долговечност. Честитки до комплетниот спортски состав од Гевгелија: Марко Лазаров, Орхидеја Стрезоска, Александар Талески, Никола Пеев и Љубица Марковска. Честитки до сите учесници на Спортските Игри на лица со телесен инвалидитет.

 


Last modified on Вторник, 11 Јуни 2019 - 17:09

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

Противпожарен воз од Велес до Гевгелија

Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до

Повеќе

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.