22-ри Балкански планинарски средби ЕТРОПОЛЕ 2019

Понеделник, 24 Јуни 2019

Етрополе, град административен центар во Западна Бугарија и годинава по 22-ри пат стана средиште на планинарски средби од Балканот.

Сместен на 618 метри надморска височина лоциран близу до северните падини на Балканските планини во долината на реката Искар, на 80 км од Софија, претставуваше пријатен предизвик за пешачење, но и многу дружења по падините на Балканските планини.

На годинашниве средби учествуваа планинари од седум Балкански држави: пред се Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Словенија. Беше најавено и присуството на планинари од Хрватска кои подоцна од оправдани причини го изоставија своето доаѓање на 22та Балканска планинарска средба „Етрополе 2019“.

Од планинарскиот дел на овие средби имаше три маршути за планинарење па секој со своите можности можеше да си одбере маршута по која ќе се движи. Гевгелискиот планинарски клуб „Кожуф“ имаше претставници на две од трите предвидени маршути. На првата и најдолга маршута тројца членови на ЗСПК „Кожуф“ заедно со уште 27 други планинари ја поминаа патеката од Кашана - врв Свишци Плаз сместен на 1.888 метри надморска височина - до манастирот „Св.Тројца“ - и назад до Етрополе. Оваа делница изнесуваше повеќе од 20 километри должинска траса за пешачење. Останатиот дел од екипата на „Кожуф“ (шестмина од вкупно 9-те учесници од ЗСПК „Кожуф“) учествуваа на втората акциска маршута на движење, која се протегаше од Етрополе искачувајќи се на врвот „Св. Атанас“, а од него се спуштија кон манастирот „Св. Тројца“.

Сите планинарски успеси се одбележуваат со благодарници и признанија за успеси, па така и на оваа гевгелиските учесници го понесоа со себе обележјето за учество на 22 средби „Етрополе 2019“ за да ја додадат на бројната колекција на трофеи, признанија и благодарници за учество на акции и маршеви низ државата и пошироко. Признанија беа доделени до сите планинарски друштва и клубови учесници на Балканските средби „Етрополе“ од страна на организаторот.


Планинарските друштва од земјите претставнички одржаа заеднички состанок заедно со раководството на балканските средби на кој се донесе одлука следните балкански планинарски средби во 2020 година да се одржат во Словенија во градот Ново Место. Со состанокот раководеше Претседателот на Европската Пешачка Асоцијација ЕРА, Борис Мичиќ.

Стотиците планинари на дводневните средби во Етрополе, кои се одржаа овој викенд во Бугарија беа сместени во хотелот „Еверест“ каде од страна на домаќините беше организиран свечен прием за учесниците на средбите со посебна културна програма подготвена од локални изведувачи и најмладите жители на Етрополе. Пријателствата се градат и одржуваат, а овие луѓе љубовта кон планините и природата ги одржува заедно веќе 22 години на традиционалните Балкански планинарски средби.


Last modified on Понеделник, 24 Јуни 2019 - 15:11

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот

Повеќе

Честит 11 октомври!

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се

Повеќе

Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во

Повеќе

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на

Повеќе

Поцков: Гевгелија е веќе на прав пат

Со проектите што ги спроведува општина Гевгелија на терен како во областа на

Повеќе

Граѓанска трибина „На прав пат“ во Гевгелија

Новата кампања на СДСМ со слоганот „На прав пат“ вечерва беше промовирана и во

Повеќе

Облечете се потопло денеска и понесете чадор - студот од Европа ќе донесе ниски

Многу студена впздушна маса која е со потекло од Арктикот, уште во текот на

Повеќе

Државниот секретар на САД Мајкл Помпео во посета на Македонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пред два часа пристигна во Охрид,

Повеќе

Собранието изгласа покачување на платите на јавната администрација

Со 82 гласа „за", без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та

Повеќе

Се уредува нов детски парк во Миравци


Деновиве, во тек е уредување на нов детски парк за најмладите жители на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.