Европскиот шампион Бесир Алити се врати во Македонија со златниот медал

Вторник, 25 Јуни 2019

Европскиот кадетски шампион во борење Бесир Алили си дојде дома, во Скопје. Oпштина Чаир и Боречкиот клуб „Лирија“ организираа свечен пречек за шампионот Алили.

Нашиот млад и голем шампион Алили беше пречекан од голем број граѓани во Плоштадот „Скендербег“, а пред насобраните граѓани за дочек на шампионот се обратија и градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и на град Скопје, Петре Шилегов.

За потсетување, Бесир Алили, од македонскиот боречеки клуб „Лирија“ пред два дена освои златен медал на Европското кадетско првенство во Фиренца, Италија.
Тој стана европски шампион во борење во категоријата слободен стил до 48 килограми, откако во финалето победи со 7-6 против Харутјун Хованисјан од Ерменија.

По победата го преплави Фејсбук со неговата фотографија со развиореното македонско знаме со кое го претрчува подиумот за борба, пресреќен за победата, а македонските граѓани горди на неговиот успех го споделуваа со честитки за борбеното и успешно младо момче кое со медаљи ги брани боите на Македонија.

Last modified on Вторник, 25 Јуни 2019 - 11:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

Во сабота без струја Гевгелија и 11 населени места


Поради работа на реконструкција и модернизирање на електродистрибутивната мрежа

Повеќе

Обнова на хоризонталната сигнализација на улиците во Гевгелија

Од денеска на главните сообраќајници во Гевгелија работници на фирмата „Виа

Повеќе

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.