Стојачкото Рено 4 тргна на пат до Кина

Понеделник, 01 Јули 2019

Веќе втор ден трае автомобилската авантура на стојачкото „Рено 4“ и неговите возачи Џоко и Георѓи кои тргнаа на пат долг 23.000 километри од Македонија до Кина.
Затрубија со сирената на првата бензинска и изминаа 1.200 километри уште првиот ден. Поминаа низ Македонија, Србија и Романија и Унгарија, навлегувајќи во Украина, а денеска продолжуват до Киев и плоштадот „Мајдан“.

- „Ако по утрото денот се познава, имаме чувство дека ова ќе биде успешна мисија. Нашето забревтано рено како во најдобрите времиња предеше на жешкиот асфалт низ Македонија, Србија, Романија, Унгарија за некаде околу 21 часот по средноевропско време да влезе на територијата на Украина. Како награда за успешното маневрирање со болидот, екипажот моментално ужива во вкусниот Украински боршч“, напишаа на фејсбук патниците од Македонија Џоко Шуклев и Ѓорги Николов.
Им посакуваме добар пат до земјата на изгрејсонцето.