Топ Новости
Успешна еко акција во село Богородица - Сабота, 14 Септември 2019 14:18
Празнична посетеност на Дојран - Понеделник, 09 Септември 2019 10:19
Среќно првачиња! - Вторник, 03 Септември 2019 17:55

Стојачкото Рено 4 стаса до Москва

Петок, 05 Јули 2019

Џоко Шуклев и Ѓорѓе Николов, возачкиот тандем од Стојаково вчера стасаа во Москва, а денеска имаа прием во македонскиот Козулат во Русија.
Протоколарниот прием го остварија со тамошниот конзул Сејфула Шаќири, кој по регуларните разговори со нашите патувачки јунаци, не одолеа на предизвикот да се фотографира со познатото „Рено 4' од Стојаково паркирано на улицата пред македонскиот Конзулат во Москва.

Тој на нашите сограѓани им посака успешно остварување на нивната патувачка мисија, но и им вети дека ќе дојде на пречекот во Стојаково.

- „Голема благодарност до целиот персонал од Македонската амбасада, а посебно до господинот конзул Сејфула Шаќири, кој ни вети дека ќе биде со нас на пречекот во Стојаково. Благодариме Сејфула!“, пишуваат патувачките јунаци од Стојаково, Џоко и Ѓорги.

Патувачките македонски авантуристи за пет дена од почетокот на нивната нова автомобилска авантура поминаа 3.000 километри. Веќе се на пат кон следната дестинација, а тоа е Казан, главен град на Руската сојузна држава, Татарстан. Тоа е дистанца од речиси 1.000 километри до Казан, кои се надеваат дека ќе ја поминат со песни и кратки одмори, без проблеми.

Целната дестинација на патувачкото дуо со 40 годишниот олд тајмер „Рено 4“ е кинеската престолнина, Пекинг. Ги очекуваме нивните остварувања и им посакуваме среќно со реализираната патувачка авантура до дома во Стојаково.


Last modified on Петок, 05 Јули 2019 - 21:39

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

Среќно првачиња!

Денеска во општинските основни училишта во Гевгелија се одржаа свечени приредби

Повеќе

Прекин на електроснабдувањето во Моин и Конско

„ЕВН“ КЕЦ Гевгелија ги известува корисниците на електрична енергија во општина

Повеќе

Првачињата во Миравци и Негорци прифатени, другите свечено започнуваат со

Првиот училишен ден денеска започна за првооделенците во Општинските основни

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.