Топ Новости
Лишен од слобода 19 годишен Гевгеличанец - Понеделник, 25 Ноември 2019 13:03

Стојачкото Рено 4 заглавено пред кинеската граница

Вторник, 16 Јули 2019

По 18 денови патување и изминати 10.000 километри од Стојаково до монголско-кинеската граница, денеска веќе шест часови заглавени се без дозвола за влез во Кина нашите сограѓани и автомобилски авантуристи Џоко Шуклев и Ѓорги Николов.
Причина за ваквиот застој е немањето договорена туристичка агенција и кинески возач со кој би се движеле на територијата на Кина. Ваквиот услов воопшто не им бил посочен за време на подготовките на автомобилската сага од Стојаково до Пекинг, од страна на надлежната Кинеска амбасада во Македонија.   

- „Ја предложивме и опцијата да влеземе барем ние, но ни е страв да не му се случи нешто на возилото, односно да не ни го украдат, оти нема опција да се паркира на безбедно место. Имаме најуредна документација, сѐ е преведено на кинески јазик, а никој од кинеската амбасада не ни' кажа дека најмување туристичка агенција е битен услов за да можеме да влеземе во земјата. Ние во возилото не ни' имаме место за уште еден човек затоа што носиме опрема. Во Монголија не можеме да се вратиме оти имаме само транзит-виза“ - велат Шуклев и Николов на видео запис пред своите следбеници на фејсбук.

Денот изминува, а да биде проблемот уште поголем, овој граничен премин не работи 24 часа.

Од Министерството за надворешни работи во текот на денот се оглсија за проблемот со македонските патници до Пекин со следната изјава:

- Запознаени сме со проблемот на возачкиот тандем Шуклев и Николов од Стојаково на нивното патување со возилото „Рено 4“. Во директен контакт сме со нив, со надлежните власти преку нашата амбасада во Пекинг, како и со кинеската амбасада во Скопје. Правиме сѐ што е во наша надлежност во правец на брзо решавање на проблемот со кој се соочуваат Шуклев и Николов“ велат од МНР.

Целта на Шуклев и Николов им е да стигнат до Пекинг, каде што би поминале неколку дена, да се одморат, а потоа да се вратат назад со нивното „Рено 4“. Се очекува нивната патувачка мисија на пријателство и издржливост на олдтајмерот кој е главен предизвик за патувачката авантура долга 23.000 километри до Пекинг и назад, да заврши на 10 август кога ги очекуваат дома во Стојаково.

Last modified on Вторник, 16 Јули 2019 - 20:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од

Повеќе

Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои

Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека

Повеќе

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна

Повеќе

„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во

Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани

Повеќе

Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и

Повеќе

Пресуда: 13 години затвор за Тони Манџа за разбојништво во казино во Гевгелија

Тони Кечев (40 год) од Гевгелија, викан Манџа доби казна затвор од 13 години за

Повеќе

ТОП ТРИ пратеника „рекордери“ во патни трошоци

За три мандати седење во пратеничките клупи, односно вкупно 9 години,

Повеќе

Ученичката Јована освои трето место по физика на „Месецот на науката“

Ноември - „Месецот на науката“ донесе нови награди за учениците од Општинското

Повеќе

Собранието против уставните судии за „воскреснување“ на амнестија од Иванов

Пред пратениците во Собранието на РСМ пристигна иницијатива за толкување на

Повеќе

Проект за секундарна гасификација и нови инвестиции од 5,9 милиони денари во

Секундарна гасификациона мрежа за Гевгелија во фаза на проектна апликација пред

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.