Олдтајмерот „Рено 4“ паркиран во Монголија, возачите со авион до Пекинг

Среда, 17 Јули 2019

Патувачката сага „Од Стојаково до Пекинг со Рено 4“ од автомобилска станува летачка за последните 1.500 километри од трасата долга 23.000 километри до завршаната цел.

По одбивањето на кинеските власти влез на автомобилот марка „Рено 4“ со своите возачи без аранжман од туристичка агенција и без возач ангажиран од Кина, автопилотите Џоко Шуклев и Ѓорги Николов утре со авион патуваат до кинеската престолнина Пекинг. Од овде сакаат да го развиорат македонското знаме од зидините на кинескиот ѕид и во „Забранетиот град“ од некогашното кралско семејство.

Сега нивниот автомобил ќе биде паркиран неколку дена на аеродромот во Улан Батор во Монголија.
Двајцата авантуристи од Стојаково и Гевгелија утре во 11.50 часот по локално време (16.50 по наше) ќе летаат за Пекинг, а во главниот град на Монголија ќе се вратат во сабота.

- „Голема благодарност на почесниот конзул на Турција, Ајдован Адемоски и на министерот Никола Димитров и Министерството за надворешни работи за дадената поддршка. Се радуваме што се реши целата ситуација. Јас лично сум разочаран што нема со „реното“ да стигнеме во Пекинг , што ни беше главната цел. Од цело патување, проблемот на кинеската граница најмногу не скрши. Но, тоа е што е, битката ја изгубивме, не и војната. Се заколнав дека со „реното“ ќе стигнам во Кина! Им благодарам на сите за грижата. Се вклучи и почесниот монголски конзул во Македонија. Монголците беа пофлексибилни и ни дозволија да се вратиме назад, иако првично имавме само транзитна виза“ – објасни Николов за „факултети.мк“.

Откако ќе поминат три дена во Пекинг, Шуклев и Николов ќе се вратат назад од Улан Батор до Стојаково, повторно со нивниот олдтајмер, „Рено 4“ старо 41 година. За целата поддршка од МНР и Амбасадите на Македонија во Русија и Конзулатот од Турција патувачките јунаци упатуваат покана за пречек во нивното Стојаково, на враќање околу 10 август, а можеби и порао поради летачката тура од 3.000 километри. За назад ги чека пат долг 10.000 километри и веќе познат од првата патувачка траса изминатите 18 денови.

Last modified on Среда, 17 Јули 2019 - 18:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија

Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.