Олдтајмер јунаците од Стојаково влегоа во Европа

Понеделник, 29 Јули 2019

Со преминувањето на границата помеѓу Украина и Полска на преминот Ласково, авто-пилотите Шуклев и Николов со 41 годишниот олдтајмер „Рено 4“ конечно влегоа на територија на Европската Унија.

- „Ни мириса на дома“ коментира еден од авантуристите-возачи, Ѓорги Николов видно возбуден дека ја поминаа Руската и Азиската територија и навлегуваат на домашно Европско тло.

Возачкиот тандем Џоко Шуклев и Ѓорги Николов веќе 31 ден како се на турнејата „Од Стојаково до Пекинг со Рено 4“ што е своевидна авантура за нив, но и за бројните следбеници на социјалните мрежи на нивниот пат долг 23.000 километри.
Заклучно со денешниот ден до 17 часот тие имаа изминато 20.500 километри. Денеска патуваат до метрополата на Полска - Варшава. Ова е велат скршнување од планираната траса, но има свое оправдување и намена: „Целта е да се надополнат „прелетаните километри на кинеско тло“ со возењето од Украина до Полска и Варшава и целата патувачка дестинација на старецот на 4 тркала да изнесува 23.000 километри. Полска не беше дел од патувачката рута на авантурата од Стојаково до Пекинг, но и Пекинг не беше во план да биде прелетан, туку извозен со патувачкото трио: Џоко, Ѓорги и Реното.
Така ќе се надопочнат сите 23.000 километри на жилавиот автомобил кој возачите ги служеше без мака и без дефекти.

- „Наш домаќин во следните неколку дена во Варшава ќе биде Дејан Георгиев, родум од Богданци. Утре е планирано дружба со Македонци кои се на привремен престој во Полска во ресторанот Под Парасолами“ - велат патувачките авантуристи од југот на Македонија.

Најавија враќање во Стојаково на 4-ти август.

Last modified on Понеделник, 29 Јули 2019 - 18:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија

Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.