Топ Новости

Стојаково ги пречека Рено јунаците

Понеделник, 05 Август 2019

Развиорени знамиња, колони возила следбеници, ракоплескања, поздрави со прегратки, селфиња и многу забава, така синоќа ги пречекаа жителите на Стојаково своите Рено јунаци кои пропатуваа 23.000 километри со олдтајмерот стар 41 година.
Џоко Шуклев и Ѓорги Николов се познати „рено авантуристи“ од ова богданско село. Минатата година тие ја реализираа турата „Од Стојаново до Ница со Рено 4“, а годинава нивната мисија траеше се' до кинеската престолнина Пекинг. Поминаа низ териториите на десет држави, осум на Европскиот континент, а две на Азискиот во период од пет недели и два дена, или точно 37 денови.

Бројните симпатизери на овие несекојдневни авантуристи, место спомени од нивните патешествија, синоќа на организираниот пречек во дворот на училиштето „Св Кирил и Методиј“ инсистираа да најават следна своја патувачка мисија. Постариот навигатор на „Рено авантурата“, Ѓорги Николов, немаше дилема дека авантурите ќе продолжат. Заедно со Џоко и двајцата го пречкртаа Пекинг на мапата излепена на каросеријата од Реното и напишаа следна дестинација - САД,  Рута 66.

Олдтајмерот со регистарски ознаки МК GE 8497 AB догодина ќе има 42 години, ама уште од сега ќе се спрема за новата авто авантура „Од Стојаково до САД со Рено 4“.

Колку ли возбуди ги чекаат „Рено јунаците“ до година можеме само да замислиме и да посакаме да бидат исто така креативни во нивните дописи на социјалните мрежи и да го споделуваат нивното доживување со Македонското знаме на територијата на Американскиот континент.

Америко, стојачани доаѓаат!

Last modified on Понеделник, 05 Август 2019 - 19:31

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

Противпожарен воз од Велес до Гевгелија

Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до

Повеќе

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.