Топ Новости

Ракометен меморијал за Петрушев и Лисичков во Богданци

Недела, 25 Август 2019

Тандемот предводници на ракометот во Богданци и тимот на РК „Младост“, Гоце Петрушев и Томе Лисичков, кои прерано починаа, се повод за меморијалот кој се организираа во нивна чест и спомен, а ќе се одржи во Богданци.

Меѓународниот меморијален турнир, насловен „Гоце и Томе“ на теренот во спортската сала „Млаз“ во Богданци ќе ги соберат ракометните првенци од Репрезентацијата на Македонија и РК „Партизан“ од Гевгелија, заедно со домаќинскиот клуб на настанот РК „Младост“ од Богданци.

Во чест на титуларите на меморијалот, боите на „Младост“ ќе ги претставуваат ветераните од овој богдански тим кои некогаш го носеа дресот на „Мадост“, а тоа се меѓународните играчи: Сергеј Турченко, Виктор Горбах, Славиша Стојковиќ, Зоран Мартиновиќ и други. Во најавата за учество на турнирот е и името на некогашниот стратег на тимот, Касим Каменица.

Ветераните на Младост ќе играат против ветераните на Македонија, кои беа во акција и на Струшкиот турнир. Целиот настан ќе се одржи во еден ден, на 31 август со почеток во 18:00 часот.

За повозрасните љубители на ракометот, овој настан ќе биде можност да се потсетат на златните времиња на „Младост“ Богданци, тимот што секогаш им ги расипуваше сметките на „Вардар“, „Пелистер“ и во поново време Металург, коментираат добрите познавачи на ракометниот зенит на „Младост“.

Покровител на спортскиот настан е Општина Богданци. Влезот за сите љубители на ракометот, почитувачи на спортските традиции и носителите на Меморијалот е слободен (бесплатен).


Last modified on Недела, 25 Август 2019 - 18:59

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Прес на СДСМ: Зголемувањето на пензите реалност со СДСМ

Претседателот на Општинската организација на СДСМ за Гевгелија Владислав

Повеќе

Гевгелија на меѓународна конференција за бегалците во Шпанија

Гевгелиски искуства од бегалската криза минатата недела беа пренесени на 5-та

Повеќе

Од коронавирусот во Кина починале 56 лица, епидемијата се забрзува

Здравствените власти на Кина денеска соопштија дека кај 1975 лица е потврдена

Повеќе

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.