Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Гевгелиските планинари од „Кожуф“ учесници на меѓународната акција „Ден на пешачење“ на Авала, Србија

Вторник, 17 Септември 2019

Планинарскиот Сојуз на Србија овој викенд сабота 14-ти септември организираше национална акција ДЕН НА ПЕШАЧЕЊЕ - СРБИЈА 2019 под слоганот „СРБИЈА ОДИ“.
Годинашнава акција се одржа на 94 локации во 62 града и општини широм Србија, а бројот на учесници на сите овие акции достигна 17.233 лица.
Ден на пешачење е во организација на Планинарскиот Сојуз на Србија, но секоја акција е посебно организирана од некој планинарски клуб, па така на сите овие акции низ Србија организатори беа 90 планинарски клубови и секој со својата осмислена акција беше дел од „Ден на пешачење“. На планинарите во овие акции оваа година им се придружија и голем број на школи, предшколски установи како и поединци од сите возрасти од најмлад до најстар, се пешачеше шеталишта, паркови, излетнички места и по планините широм Србија, патеките за пешачење беа прилагодени во зависност од возраста и физичката спремност на учесниците, така што можеше да се пешачи од 2 километри до 20 километри па и повеке.

Планинарскиот сојуз на Србија со овие акции сака да го поттикне и промовира здравиот начин на живеење, како и промоција на планинарењето во добра навика, бидејки планинарството не е само спорт, туку и начин на живот.

Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија се приклучи на оваа планинарска манифестација со свои пет членови. На покана од нашите долгогодишни пријатели ПСК „Балкан“ Белград, учествувавме на акција на Авала која беше во заедничка организација помеѓу ПСК „Балкан“ од Белград и Планинарско скијачки Клуб „АВАЛА“ Белград под мотото „Со пешачење до здравје“.
Акцијата стартуваше од подножјето на Авала, поточно Шумската Куќа, каде што учесниците кои беа преку 700-ни, поделени во три групи на три различни патеки во зависност од спремноста на учесницит. Нашите членови учествуваа на најдолгата патека заедно со останатите планинари од Србија како и гостите од Бугарија, па преку извор Сакинац - кружна стаза околу Авала - Длабоки поток - врв Авала ( споменик на незнајниот јунак ) - кулата на Авала - извор Ладна Вода пристигнавме на целта Планинарскиот Дом Чарапичев Брест“, изхави за GevgelijaNET претседателот на ЗСПК „Кожуф“ Ристо Каркалашев.

Овде во домот беа доделувани признанија и пехари на училиштата кои учествуваа во оваа акција како и на поединци и Планинарски Клубови.
Домаќинот и организатор на настанот, ПСК „Балкан“ Белград оваа година слави 10 години од своето постоење, па по тој повод во Планинарскиот Дом „Чарапичев Брест“ беше организирана свечена вечер каде беа презентирани успесите на Клубот во изминатите 10 години, им беа доделени признанија на нивни заслужни членови.
Посебнаа Благодарница за учество и долгогодишна соработка со белградските планинарски клубови во рамките на Балканската планинарска асоцијација, доби и ЗПСК „КОЖУФ“ Гевгелија како и за посебен придонес во работата на ПСК „Балкан“ сите овие години. Имено, гевгелиски планинари, членови на „Кожуф“ годиниве наназад имаат учествувано во нивни големи експедиции како искачувањето на врвот Дамаванд во Иран, Атлас во Мароко, и други помали акции, а и тие имат учествувано на нашите меморијали на Кожуф.

ЗПСК „КОЖУФ“ Гевгелија периодот кој следи се подготвува за 15-от Меморијал Димитар Кангов - Кангата 2019 кој ќе се одржи на 6-ти октомври и традиционално ќе биде искачен највисокиот врв на Кожуф планина, врвот Зелен Брег лоциран на венецот на Кожуф, на 2.166 метри надморска височина.


Last modified on Вторник, 17 Септември 2019 - 21:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.