Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Богданци домаќин на „11-ти Јадранско-Подунавски куп 2019“ на Паљурци

Четврток, 26 Септември 2019

Македонската рибиловна Федерација деновиве, во соработка со Подунавската лига, за прв пат во Македонија ја организира Купската риболовно-натпреварувачка манифестација „Јадранско-Подубавски куп 2019“ кој има своја 10 годишна традиција. Годинава, на 11-от куп по ред, домаќин е Богданци и риболовното здружение „Костреш“, а натпреварот ќе се изведува на територијалниот воден ревир Паљурци.

Со пригодно свечено отварање на локалитетот на акумулацијата Паљурци, денеска Риболовната федерација на Македонија официјално го означи почетокот на 11-от Јадранско-Подунавски куп во дисциплина "Крап".
Натпреварот започнува утре (петок 27.09.2019) а завршува во недела 29.09.2019 во 13.00 часот.
Пријавени се по 1 екипа од Словенија и Црна Гора, 3 од Хрватска, 2 од Србија и 4 од Македонија. На Купот учествуваат риболовци од риболовни здруженија од Јадранскиот и Подунавскиот регион заедно со победниците од Првата Крапска Лига во Македонија која се одржа во мај годинава, исто така во водите на акумулацијата Паљурци.

- „На сите екипи им посакуваме успех, добри спортски резултати и бистри води“ изјави претседателот на Риболовната Федерација на Македонија Миодраг Глишиќ.

Натпреварот се изведува со дозвола за риболов издадена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Скопје, а ќе го надгледува инспектор од Државниот инспектор од МЗШВ, ПЕ Гевгелија. Натпреварувачите имаат термин од 72 часа на континуиран лов на риба-крап, а победник е екипата која ќе има најголем количински (тежинска маса) улов на крап од водите на Паљурци.

Инаку, Богданци и Паљурци беа местото на одржување на трите Крапски лиги на Македонија од мај до август годинава со што ја стекнаа довербата кај организаторот за солидни услови и богат риболовен фонд за да бидат домаќин за прв пат и на Јадранско-Подунавскиот Куп на кој учествуваат и македонски риболовци.


Last modified on Четврток, 26 Септември 2019 - 13:10

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.