СРД „Костреш“ Богданци со пехар за најголем уловен крап на Јадранко-Подунавски Куп на Паљурци

Вторник, 01 Октомври 2019

Екипата на ЗСРРК „Вардар 1“ од Скопје е носител на пехар и сребрени медали на учеството на 11 „Јадранко-Подунавски Куп“ во дисциплината крап на акумулацијата Паљурци, кај Богданци, што се одржа овој викенд од 22 до 26 септември.

На купот учествуваа 11 риболовни екипи од пет држави: Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Словенија.
Победничкиот пехар и златни медали освоија членовите на екипата CCB „Piškor“ од Загреб со улов на 9 примероци крап, со вкупна тежина од 32 килограми и 830 грама, со најголем примерок од 5 кг и 460 грама.
Македонскиот второпласиран тим улови 7 примероци на крап со вкупна тежина од 26 кг и 510 грама и 6,2 килограми тежина на најголемиот уловен примерок на крап.
Третопласирана е екипата риболовци од USR „šaran“ од Кикинда Србија, кои станаа носители на пехар и бронзени медали за пласманот. Тие уловија 4 примероци на крап со вкупна тежина од 20 кг и 420 грама, а најголемиот примерок имаше тежина од 9 килограми.

Домакинската екипа на СРД „Костреш“ од Богданци се стекнаа со пехар за најголем уловен примерок на крап во водите на натпреварувачкиот ревир - Паљурци. Нивниот примерок на крап кој им го донесе трофејот и дипломата за најголем улов тежеше 9 килограми и 20 грама. Инаку, риболовците од „Костреш“ имаа вкупен улов од 3 крапа и 17,44 килограми тежинска маса на рибен улов.

За време на Купот екипите имаа задача да ловат 72 часа непрекинато. Секој уловен примерок се мереше после уловот и после земените податоци се враќаше во водите на Паљурци. Вкупниот улов за време на натпреварувачкиот термин од три дена изнесуваше 36 примероци крап со вкупна тежина од 141 килограми и 480 грама.

Тродневниот купски натпревар беше во организација на Риболовната Федерација на Македонија, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Македонија. Главен судија на натпреварот беше Пеце Велевски, а секретар на натпреварот беше Миодраг Пешиќ, инаку официјален претседател на Риболовната Федерација на Македонија.

Ова е прв пат Македонија да биде домаќин, а Риболовната Федерација на Македонија организатор на „Јадранско-Подунавскиот Куп“ и да ги добие најдобрите комплименти за својата одлична организациона улога од светските риболовни прваци - екипата на Хрватска. Тие изјавуваат дека досега ова е врв на организација, каква што ја нема ни на Светски првенства на кои досега учествувале, со одлични услови, питоми луѓе, одличен терен, мирни води, и секако топлото јужно сонце над Паљурци. (Видео изјава во прилог).

Last modified on Вторник, 01 Октомври 2019 - 11:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија

Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.