KK „Кожув“ денеска ќе заигра хуманитарно

Сабота, 12 Октомври 2019

Со почеток во 18 часот во спортската сала во Гевгелија денеска ќе се одигра првиот натпревар од новото коло на Првата кошаркарска лига на Македонија. На дербито од првото коло од новата сезона домаќин е КК „Кожув“, а ќе гостува МЗТ „Скопје“ - Аеродром.

Домаќинскиот клуб од Гевгелија го најави хуманитарниот карактер на дербито - секој посетител на натпреварот со купувањето на влезницата, е донор на средства кои организаторот, „КК „Кожув“ ќе ги намени за помош на оштетените семејства од опожарената зграда летово во Гевгелија.

Влезницата е 50,- денари. Приклучете се на хуманитарниот натпревар со поглед од трибините на Спортската сала „24 април“, денеска од 18:00 часот.

- „Ајде Гевгелија да бидеме хумани и да го бодриме Кожув кон нови победи и успеси. Ве очекуваме!! Еден клуб еден град КОЖУВ ГЕВГЕЛИЈА!“ порачуваат нашите кошаркари.

Кожув минатата сабота учествуваше на уште еден хуманитарен настан гостувајќи во Гостивар на прилателски натпревар со тамошниот клуб. Хуманоста пред се', порачуваат „кожувци“.


Last modified on Сабота, 12 Октомври 2019 - 19:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија

Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.