Со рози од влезот на Крушево до вечното почивалиште на Тоше на Гумење, денеска беа пречекани учесниците во ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево.
Маратонот по дванаести пат се одржува во чест на нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески. На 16 октомври 2007 година Тоше Проески го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. На 17 октомври неговото тело беше донесено во Крушево каде во присуство на голем број музички соработници, пријатели, другари, македонската уметничка сцена и цела крушевска јавност беше погребан. Со почести за последниот пат на Тоше се изведува и овој ултрамаратон.
Организаторот, средното крушевско училиште „Наум Наумовски Борче" со поддршка на Општината Крушево и на Локалниот младински совет заедно со други институции, угостители, компании и граѓани набави рози кои беа оставани на патот каде што поминуваа маратонците, од влезот на градот се' до гробното место на Тоше на Гумење, јавува МИА.
Ова е втора година по ред на ваков начин да се пречекуваат маратонците, а според организаторите целта е граѓаните и институциите, заедно, да придонесат споменот за Тоше да продолжи да живее.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар
Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец
Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина
Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија
Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица