Гевгеличанецот Даниел во МК репрезентација на СП во кик бокс

Понеделник, 21 Октомври 2019

Даниел Митров, член на гевгелискиот Кикбокс Клуб „Аждер“ од утре заедно со уште петмина спортисти од Македонија ќе ги брани боите на нашата земја на Светското сениорско првенство во кик бокс што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. Од 22 до 27 октомври шест натпреварувачи во лоу кик и К-1 од Македонија ќе се трудат да го достигнат светскиот спортски врв.

Боите на Македонија ќе ги бранат Димитар Ѓоргиев (-86 кг, лоу кик), Емир Ибраим (-63,5 кг, лоу кик), Бобан Илиоски (-81 кг, К-1), Роберт Костовски (-71 кг, К-1), Даниел Митров (-57 кг, К-1) и Дарко Најдов (-67 кг, К-1).

Како тренери репрезентацијата ја водат претседателот на Македонската Кикбокс Маитаи федерација и селектор, Дејан Митровски – Урко, како и Драган Атанасовски.

- „Подготвени сме за настапот на Светското првенство. Согласно подготовките нашите проценки се дека овие шест натпреварувачи ќе ја претставуваат Македонија на ова првенство во најдобро светло, онака како што знаеме ние спортистите и верувам дека ќе се вратиме со медали“ – истакна пред заминувањето претседателот Митровски.

Тој ги искажа и надежите дека Димитар ќе успее да ја одбрани минатогодишната титула и годинава да го понесе по четврти пат златото во својата категорија. Понатаму изјави „Бобан, на кого три години за влакно му бега златото, конечно ќе успее да го освои златото, бидејки напорно и редовно тренираше и сфати која е поентата за победа. Останатите борци, Емир Ибраим, Дарко Најдов, Роберт Костовски и Даниел Митров се повеќекратни државни прваци и се голем потенцијал и претенденти за медали“, изјави селекторот и претседател на Кик бокс маитаи федерцаијата на Македонија Дејан Митровски – Урко кој со тренерот Драган Атанасовски ја предводат нашата селекција, пренесува ипон.мк.

На борбениот ринг на Светското првенство во Сараево ќе настапат 754 натпреварувачи од 58 држави.

Репрезентацијата на Македонија замина за Сараево завчера, а денеска веќе се познати противниците за првиот натореварувачки ден кој започнува утре, вторник, 22 октомври. Нашите репрезентативци дуелите ќе ги имаат со:

63,5 кг, лоу кик
Емир Ибраим – Руци Лучјано (Грција)

-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Љубо Јалови (Србија)

-57 кг, К-1
Даниел Митров – Максим Казаку (Молдавија) / Доминик Раундтри (САД), 2.коло

-67 кг, К-1
Дарко Најдов – Димитар Стојанов (Бугарија) 2.коло

-71 кг, К-1
Роберт Костовски – Сони Даграед (Белгија)/ Бенџамин Реган (Австралија) 2.коло

-81 кг, К-1
Бобан Илиоски – Нијат Хејдаров (Азербејџан) 2.коло

 

Last modified on Понеделник, 21 Октомври 2019 - 22:36

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија

Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.