Топ Новости

СП во кик бокс - искуство без медали за македонските репрезентативци и гевгеличанецот Митров

Вторник, 29 Октомври 2019

Дебитантот на Светско првенство во кик бокс од Гевгелија, Даниел Митров, својата прва борба ја имаше со актуелниот носител на светско злато во кик бокс во најтешката категорика К-1, Максим Казаку од Молдавија. Се бореше тактички паметно но физички повисокиот противник ги искористи своето искуство и големина. За следните дуели ќе ја симне категоријата во рамките на своите пропорции.

Младиот гевгелиски кик боксер во категорија до 57 килограми кој беше еден од учесниците на Македонската репрезентација на Светското првенство во кик бокс, што се одржа во Сараево, БиХ, го изгуби мечот против носителот на светско злато во категоријата К-1.

За неговите тренери, инструктори и носителот на репрезентацијата тоа е само показ дека со својата физичка конституција Даниел не можел да се носи со физички повисокиот и подоминантен противник, поради што за следниот настап на боречкиот ринг Даниел ќе се симне за една категорија подолу, каде ќе може да ги истакне своите квалитети и вештини.
Ова го оцени селекторот Дејан Митровски – Урко за порталот упон:
- „Даниел изгуби, ама најпаметно се бореше од сите кои загубија вчера. Прикажа одлична присебност во рингот. Имаше подготвенен противник и многу повисок од него. Нареден пат ќе се симне една категорија подолу, за да има сигурен успех, бидејки како борец е одличен“.

Надежите за медал на македонските кик боксери останаа неостварени. СП за сениори во Босна и Херцеговина остави само уште едно искуство повеќе за нашите репрезентативни. Оценка е на стручниот тим дека Даниел Митров имаше најдобра изведба од сите наши борци, но загуби, а Бобан Илиоски се бореше и со судиите.
Првиот натпреварувачки ден Илиоски го започна со победа од 3:0 над Нијат Хејдаров од Азербејџан и важеше за фаворит од членовите на македонската репрезентација за медал од СП. По поразот од Александар Менковиќ од Србија со 0-3 надежите паднаа во вода.

Урко не може да се помири со поразот на Илиоски, сметајќи дека тоа е резултат на пристрасноста на судиите:
- „Судиите судеа за Србинот. Боби во првата рунда се штедеше со намера да се истроши противникот, но тука Србинот направи разлика. Иако Илисоки во втората и третата рунда значително ја стегна борбата, судиите беа наклонети кон Србинот, не бодувајќи ги ударите на Бобан“, истакнува Митровски.

Две победи и шест порази на сениорското Светско првенство во кик бокс каде настапија 58 земји со близу 800 натреваувачи, ја вратија нашата репрезентација од Сараево дома без медал. Даниел се враќа со корегирана категорија на учество каде ќе може да доминира со својата техничка и кондициона спремност над своите физички слични противници. За нас гевгеличани и учеството во репрезентативниот тим на нашиот сограѓанин е вредно за почит и честитки до него за сиот вложен труд.

Резултати од натпреварувачките настапи на СП:

63,5 кг, лоу кик
Емир Ибраим – Руци Лучјано (Грција) 3-0
Емир Ибраим – Борис Шикунов (Русија) 0-3

-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Љубо Јалови (Србија) 0-3

-57 кг, К-1
Даниел Митров – Максим Казаку (Молдавија) 2.коло 0-3

-67 кг, К-1
Дарко Најдов – Димитар Стојанов (Бугарија) 2.коло 0-3

-71 кг, К-1
Роберт Костовски – Сони Даграед (Белгија) 2.коло 0-3

-81 кг, К-1
Бобан Илиоски – Нијат Хејдаров (Азербејџан) 2.коло 3-0
Бобан Илиоски – Александар Менковиќ (Србија) 0-3.

ФОТО ГАЛЕРИЈА во прилог: Даниел во борба, Даниел со членовите на Македонската кик бокс репрезентација на Светското првенство во Сараево 2019, Даниел со тренерите на МК репрезентацијата во кик бокс


Last modified on Вторник, 29 Октомври 2019 - 11:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.