Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Илина Арсова го искачи највисокиот врв на Антарктикот

Понеделник, 30 Декември 2019

„Мисијата 7 врвови е завршена! Македонското знаме на врвот Винсон 4.892 мнв на Антарктикот со ладни раце, но топло срце“ - вака напиша макеонската алпинистка Илина Арсова на социјалните мрежи озваничувајќи го својот несекојдневен успех.

- „Со ова искачување станав прва жена од нашата земја и една од 60 во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти (по Меснерова листа), како врвен успех во планинарските спортови. Незаборавно искуство и прекрасно чувство!“ вели Илина за своето остварување исполнета со чувство на среќа и спортски дострел.

Таа изрази огромна благодарност до Агенција за Млади и Спорт и Федерација за планинарски спортови, како и сите останати поддржувачи, спонзори и пријатели кои веруваа и беа со неа. „Нека ова биде поттик за сите вас да верувате во невозможното и да сонувате бидејќи со многу воља, упорност и труд, порано или подоцна соништата се остваруваат!“ додаде таа.

Илина остана забележана од македонската јавност по искачувањето на највисокиот врв на светот Монт Еверест (8.848 мнв) кое го реализира на 22 март 2013 и со тоа стана првата и единствена жена алпинист од Македонија која го достигнала овој врв. По потекло е од Скопје, но веќе неколку години живее во Охрид. Арсова може да се пофали дека се искачила и на највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва, но и на десетина други највисоки точки во светот.
Оваа македонка досега успеала да се искачи на десетина врвови повисоки од 4.000 метри, на десетина на височина од 5.000 метри, четири врвови на 6.000 метри и еден врв повисок од 8.000 метри. За Македонија вели дека располага со атрактивни планини и врвови кои се интересни за искачување.
Од планините на Балканот ја посочува планината Олимп во Грција а во Турција, вториот по височина планиски врв во оваа земја, Суфан Даг. Арсова со уште пет други жени од светот е поттик за жените во Иран, да се занимаваат со овој спорт. Со денешното достигнување и искачените 7 највисоки врвови низ светските континенти станува инспирација и за други жени во светот.

Last modified on Понеделник, 30 Декември 2019 - 20:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

ОЈО во Гевгелија со парични казни за девет лица

Јавното обвинителство на РСМ денеска издаде соопштение со кое се наведува дека

Повеќе

Обезбедени се 55 нови респиратори, се чека на испорака

Европската Унија и Норвешката амбасада во донаторска мисија за обезбедување

Повеќе

Седумдесет годишен А.А. е сторител на инцидентот прексиноќа во центарот на

Секторот за внатрешни работи, Канцеларија за односи со јавноста од Струмица во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.