Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Хрватска е првиот финалист на EHF шампионатот

Петок, 24 Јануари 2020

По осумдесет минути игра на терен со нерешен резултат во регуларниот термин и одиграни четири продолженија по 5 минути, Хрватска во еден епски натпревар ја совлада Норвешка со конечен резултат 29:28. Таа е првиот финалист на Европското првенство во ракомет.
Полувремето заврши со гол разлика за хрватите 11:10, а второто полувреме заврши изедначено 23:23.
Најдраматично беше во последното четврто продолжение кога со серија на грешки се покажаа дека ракометарите се уморни. И двете страни не успеваа да реализираат погодок кај противничкиот гол. Норвежаните го имаа последниот напад, но дирекот ги спаси Хрватите, а им останаа и 15 секунди за победа. Во луд контра напад, Жељко Муса на три секунди до крајот го матира норвешкиот голман Бергеруд и обезбеди трето финале за „каубоите“ (28-29).

Најефикасни во хрватската репрезентација беа Дувњак со седум и Мариќ со шест гола, а кај Норвешка се истакна Сагосен со десет погодоци. Феноменален беше Бергеруд со 14 интервенции, наспротив девет одбрани на Шего и Ашанин.

Во второто полуфинале од 20:30 часот се среќаваат Шпанија и Словенија.

Last modified on Петок, 24 Јануари 2020 - 21:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

ОЈО во Гевгелија со парични казни за девет лица

Јавното обвинителство на РСМ денеска издаде соопштение со кое се наведува дека

Повеќе

Обезбедени се 55 нови респиратори, се чека на испорака

Европската Унија и Норвешката амбасада во донаторска мисија за обезбедување

Повеќе

Седумдесет годишен А.А. е сторител на инцидентот прексиноќа во центарот на

Секторот за внатрешни работи, Канцеларија за односи со јавноста од Струмица во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.