Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Даниел освои злато, Ване бронзен медал на Државното првенство во Кик Бокс 2020

Среда, 26 Февруари 2020

Викендов во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа првото Државно првенство во Кик бокс на кој учество зеде и гевгелискиот КБК „Аждер“. Најуспешен од членовите на клубот беше младиот Даниел Митров, кој освои златен медал во конкуренцијата К1-60 сениори.

Успехот е дотолку поголем ако се знае конкуренцијата: 205 учесници од 24 кик бокс клубови од државата.
Вториот претставник од Гевгелијаи член на „Аждер“ беше Ване Митев кој имаше натпревар во категоријата К1-63,5 но на поени загуби од својот противник. Сепак остана на листата добитници освојувајќи го бронзениот медал во својата категорија.
Првото национално кик бокс првенство за 2020 година за сите возрасни категории (татами – кик лајт, ринг– лоу кик и К1) беше во организација на Кик бокс Маитаи федерација на Македонија (КМФМ). Во рамките на првенството се одржа и подготвителен судиски семинар за судиите на татами и ринг и тренерски семинар.

Реализацијата на овој масовен натпревар беше потпомогната од страна на Агенцијата за млади и спорт на РМ, од Карате федерацијата на Македонија, како и неколку домашни компании од приватниот сектор.

За најуспешен кикбокс клуб е прогласен КБК Шампион од Скопје со освоени вкупно 33 медали. Втор по успех клуб е КБК Гладијатор од Скопје со освоени 15 медали. Гевгелискиот КБК „Аждер“ предводен од тренерот Атанас Стојковски, оствари ефектива од 100% - испрати двајца учесници на Државното првенство и двајцата се вратија со медали.
Инаку, младиот гевгелиски кик боксер Даниел Митров, член на КБК „Аждер“ од Гевгелија, беше еден од учесниците на Македонската репрезентација на Светското првенство во кик бокс, што се одржа октомври 2019 во Сараево, БиХ. Од стекнатото дебитантско искуство на СП тренерите велат дека е доволно борбен за успех на следните настапи, што еве викендов се оствари со освоеното злато.

Еве  РЕЗУЛТАТИ:
РИНГ
Лоу кик – 51 пом. Јуниори
1. Петар Неделковски – Максам – Прилеп
Лоу кик – 56 сениори жени
1. Андреа Костовска – Шампион – Скопје
Лоу кик -60 помлади јуниори
1. Љуан Муртезани – Будо – Велес
К1 -60 постари јуниори мажи
1. Марко Тодоров – Шампион – Скопје
К1 -60 постари јуниори жени
1.Милена Стојановска Патриот спорт – К.Паланка
Лоу кик – 60 сениори жени
1.Цецилија Велковска Шампион – Скопје
2.Марија Кичевска Работнички Адора – Скопје
К1 – 60 сениори
1. Даниел Митров – Аждер – Гевгелија
К1 +60 помлади јуниори жени
1. Миа Тодорова – Шампион Скопје
К1 – 63 сениори
1.Марио Цветковски Прокик фемили – Скопје
2.Медин Амети Наско тим – Скопје
3.Ване Митев Аждер – Гевгелија
Лоу кик – 63 пом. Јуниори
1.Марко Горневски Гладијатор – Скопје
Лоу кик -63,5 постари јуниори
1. Ерен Есадовски – Тим Зоран – Струмица
Лоу кик -67 помлади јуниори
1.Марко Атанасовски Викинг – Скопје
2.Марко Андонов Тим Зоран – Струмица
3.Милан Милошевиќ Будо – Кавадарци
3.Панче Витанов Тим Зоран – Струмица
К1 – 67 пос. Јуниори
1.Мирко Василев Комбат – Радовиш
2.Андреј Филипов Енерџи – Битола
К1 – 67 сениори
1. Дарко најдов – Гладијатор – Скопје
К1 – 70 сениори жени
1. Михаела Миова – Гладијатор – Скопје
К1 +70 пос. Јуниори жени
1. Викторија Ивановска – Фајт тим – Скопје
К1 + 70 сениори жени
1. Анисија Павловска – Гладијатор – Скопје
Лоу кик -71 постари јуниори
1. Амар Дрпљанин – Горила – Скопје
Лоу кик -75 помлади јуниори
1. Дамјан Зафиров – Шампион – Скопје
Лоу кик – 75 пос јуниори
1.Кирил Јакимовски Патриот спорт – К.Паланка
2.Петар Миновски Шампион – Скопје
Лоу кик – 71 сениори
1.Александар Глушкин Фајт – тим – Скопје
2.Кристијан Настевски Работнички Адора – Скопје
К1 – 71 сениори
1. Златко Стоименов – Горила – Скопје
К1- 81 помлади јуниори
1. Никола Малденовски – Гладијатор – Скопје
Лоу кик – 81 пос јуниори
1.Далибор Глигоров Шампион – Скопје
2.Амер Плакич Будо – Велес
3.Ханан Колашинац Дино – Скопје
Лоу кик – 81 – сениори
1. Али Елвир – Шампион – Скопје
Лоу кик +81 пом јуниори
1.Петар Велковски Шампион – Скопје
2.Данило Делетич Гладијатор – Скопје
Лоу кик – 86 пос јуниори
1.Енсар Исеини Шампион – Скопје
2.Златко Пензов Будо – Велес
К1 – 86 сениори
1. Никола Бубевски – Енерџи – Битола
К1 – 91 сениори
1.Димитар Ѓоргиев Работнички Адора – Скопје
2.Ивица Цветановски Прокик фемили – Скопје
Лоу кик – 91 пос јуниори
1.Милан Митревски Горила- Скопје
2.Филип Мицевски Тим Зоран – Струмица
К1 +91 сениори
1.Стефан Михајловски Прокик фемили – Скопје
2.Филип Смилковски Шампион – Скопје
Лоу кик +91 сениори
1.Стефан Михајловски Прокик фемили – Скопје


Last modified on Среда, 26 Февруари 2020 - 21:08

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

Платите на функционерите намалени на 14.500 денари, одлучи Владата

Априлската и мајската плата на сите државни и именувани функционери ќе изнесува

Повеќе

Осум години затвор за Владимир Талески за ученичкиот превоз во Битола

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата и за случајот „Транспортер“.

Повеќе

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.