Трето место за Валентина на полумаратон во Скопје

Сабота, 17 Октомври 2020

Традиционалната спортска манифестација „Трчаме кон целта 2020“ годинава се одржува по 15-ти јубилеен пат низ улиците на Скопје.
Годинава свој трофеен настап имаше атлетичарката од Богданци, членка на Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија, Валентина Узунова. Таа денеска освен резервираното прво место за „жени 50+“ го освои заслуженото трето место во генерален пласман на полумаратонот 21,1 километар низ улиците на Скопје со време од 1 час, 57 минути и 47 секунди.

Трасата која ја истрча започнуваше од средината помеѓу МЗТ салата и мост близнак, се трчаше во правец на мост близнак до железничкиот мост и назад 7км и така три пати, заокружувајки ја полумаратонската траса од 21,1 километар растојание.

Освен полумаратон се трчаа и штафетни трки, трки од 5 км. Организаторот годинава ги откажа трките за деца, а на сите пријавени им обезбеди ланч пакети не ускратувајќи им ја можноста да бидат солидна спортска публика.

Трките беа закажани за 4 април годинава, но поради корона состојбата во државата истите беа одложени, а денеска организацијата беше со примена на строгите ковид протоколи, со старт во 9.00 часот и одложен старт на секои 10 секунди по тројца, па на следните 100 секунди други тројца натпреварувачи.

Сончев ден, многу тркачи, медал за Валентина и посветеност на трките „За болните од пулмонална хипертензија“ и прерано починатата Ѓургица Ќаева.

TRCAME KON CELTA 2020 3 mesto na generalno nivo... Istrcani 21,1km, posveteni za mojot angel, Gjurgica PH Kjaeva Poddrshka za pacientite so PH❤️

Posted by Valentina Uzunova on Saturday, October 17, 2020
Last modified on Сабота, 17 Октомври 2020 - 19:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.